„Орифлеим“ со подарок за НЕА, но и за НЕГО: Сетови Delicate Cherry Blossom и Dark Wood

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Козметичката куќа „Орифлеим“ во рамките на „У&З-лавината од подароци“, објавена во актуелниот број на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, подарува по еден сет од парфем и млеко за тело за НЕА и за НЕГО.

Долови ја чистата, свежа и исклучителна природа со најпознатиот и најомилен мирис од линијата Women’s Collection, Delicate Cherry Blossom, опоен цветен мирис што може да се засили со лосионот за тело, ексклузивно создаден за овој уникатен СЕТ ЗА ПОДАРОК во лимитирано издание.

Цветен и овошен мирис со горни ноти на нежен сладок бадем, срцевина од женствени цветови од цреша и незаборавни ноти на хелиотроп, откако мирисот ќе се исуши.

 

Најпознатиот и најомилениот машки мирис од линијата Oriflame Collection, Dark Wood тоалетната вода, со неодолив, земјен, но елегантен мирис, што може да се засили со гел за коса и за тело, посебно оздаден за овој ЕКСКЛУЗИВЕН СЕТ ЗА ПОДАРОК ВО ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ.

Привлечен мирис што ја добива својата примамливост од ориенталниот, дрвен и килибарен карактер. Со моќен спој на горни ноти од црн пипер, гајак-дрво и основни ноти на бел тутун.

 

Доколку сакате да ги добиете овие прекрасни сетови на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јануари. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.