Јелена Карлеуша во фустан кој Лепа Брена го носеше во 1989 година (ФОТО)

Одамна беше, но помнењето добро нè служи...

Јелена Карлеуша привлече големо внимание со стајлингот во кој се појави на снимањето на новите епизоди на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.

Но додека мнозинството ги коментира необичните очила на популарната пејачка, како и перфектната линија на на нејзиното тело, нам в очи ни падна нејзиниот син фустан…

Првенствено поради тоа што навистина одлично и’ прилегаше, но постарата генерација се присети дека веќе го видела на некоја пејачка…

И навистина, сличен фустан носеше и Лепа Брена во 1989 година во емисијата „Доско-фолк“, каде што ја изведе песната „Чувала ме мама“.

Рака на срце, Брена врз фустанчето носеше кратка јакна, но ќе се согласите дека сличноста е голема, да не кажеме дека фустаните се речиси идентични…

Фото: ATA Images, Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.