Адел пее, а во публиката и нејзиниот бивши и нејзиниот сегашен – овие мажи не ги мачи љубомора

Станува збор за сцена која ретко се среќава

Еве како успеаја да ја зачуваат сложноста во семејството.

Славната Адел настапи во Хајд Парк во Лондон, одржувајќи го својот прв концерт по петгодишна пауза. А покрај нејзината вита линија (Барби-половината) и гласот, внимание привлече и еден „детаљ“ од публиката. Станува збор за сцена која ретко се среќава.

Додека Адел пееше, во публиката рамо до рамо беа нејзиниот поранешен и сегашен партнер Сајмон Конецки и Пол Рич. Велиме, многу е убаво што се во добри односи, но како што рековме, не е баш вообичаена практика „бившите и сегашните“ добро да се согласуваат.

Sajmon Koneki i Pol Rič na koncertu Adel foto: MEGA/The Mega AgencyАдел беше во брак со Сајмон од 2018 до 2021 година и со него го има синот Ангело. Според нејзината молба, која ја одобри судот во Лос Анџелес, деталите за разводот се задржани од јавноста. Но, со оглед на тоа што поранешните сопружници не потпишале предбрачен договор, се претпоставува дека еднакво ги поделиле 190-те милиони долари. Заедно се грижат за своето дете.

По разводот, Адел го трансформира својот изглед, па дури имаше и злонамерни коментари дека разводот или животот без Сајмон ја направи поубава. Како што можеме да видиме, тој и понатаму е присутен во нејзиниот живот, а Рич ќе биде со неа уште долго, барем судејќи по натписите за нивната идилична врска.

Инаку, Конецки на концертот дојде со својата нова партнерка.

Фото: Профимедија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.