Познатата пејачка уловена во афера: Се бакнува со љубовникот на плажа, додека сопругот ја чека дома!

Упс!

Пејачката Ели Голдинг била видена со згоден фраер на плажа, додека нејзиниот сопруг седи дома

Поп-ѕвездата Ели Голдинг била уловена со инструкторот по сурфање на одмор во Костарика, додека нејзиниот сопруг Каспар Џоплинг останал дома.

Британката (37) не го носела свршеничкиот прстен додека се забавувала со згодниот Армандо Перез во неговата родна Костарика. Армандо ѝ држел час по сурфање на пејачката.

Тие во меѓувреме почнале да се прегрнуваат и тогаш се бакнале.


Првпат синоќа, анонимен извор потврдил дека Ели и Каспар се во процес на развод по минатогодишните проблеми во бракот.

„Ели и Армандо изгледаат многу вљубено еден во друг“, рекол анонимен извор и додал:

„Тие делат многу интереси, вклучувајќи ја и љубовта кон природата и океанот. Армандо води школа за сурфање на плажа со својот брат и ѝ одржа лекција на Ели. Ели изгледаше среќно, се смееше и се шегуваше со него додека се прегрнуваа во морето“, рекол изворот.

Минатото лето, магазинот „Сан“ објави дека бракот на Ели со трговецот на уметнички дела Каспар (32) наишол на проблеми.

И покрај тоа што и двајцата ги имаат извадено бурмите, извори блиски на парот инсистираат дека не планираат развод.

Сопружниците, кои се венчаа во август 2019 и имаат мал син, последен пат биле видено заедно во Лондон пред шест недели.

Сепак во „кралски“ стил: Се омажи популарната пејачка и бивша девојка на принцот Хари (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.