Рецепт за турски сутлијаш од рерна на којшто нема да можете да му кажете НЕ: Се топи в уста!

Вкусот е незаборавен

Рецептот за турски сутлијаш од рерна ќе ве воодушеви – еднаш кога ќе го пробате, сигурни сме дека ќе ви стане омилен

Сутлијашот од рерна е посебен турски специјалитет што ги освојува и најголемите сладокусци. Невозможно е да му се одолее на овој сочен десерт со извонреден вкус!

Состојки:
  • 500 мл млеко
  • 300 мл слатка павлака
  • 110 г ориз со долго зрно
  • 70 г шеќер
  • цимет
  • 2 кафени лажици екстракт од ванила
  • 2 жолчки

Приготвување:

Ставете млеко во тенџере со дно што не загорува, па додајте слатка павлака, шеќер, екстракт од ванила, добро промешајте го сето тоа, а на крајот додајте и ориз. Потоа, ставете го на умерена температура да се загрева. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го да крчка додека се зготви оризот, односно додека стане мек, но не и премногу разварен. Смесата со млеко, секако, треба да биде погуста. Се препорачува и често да го мешате сутлијашот додека се вари, за да не се залепи за дното на тенџерето.

Кога сутлијашот ќе отстои 15 минути, ставете го во огноотпорен сад, па преку него прелејте 2 жолчки кои претходно сте ги изматиле заедно со малку цимет и многу малку шеќер. Сето тоа нека се запече во рерна на 180 степени додека добие кафено-златна боја.

Сутлијаш со чоколадо – може да се мери со највкусната торта!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.