Раскинаа по 6 месеци: Една работа кај Цеца многу му пречела, па ја коментирал пред сите!

Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ е манекенот Влада Цветковиќ. Иако нивната врска одамна заврши, сè уште го помнат по романсата со неа.

Владимир Цветковиќ, попознат како Цвеле, за некои како „убавиот Цвеле“ со позната пејачка, не беше во минатата, туку во предминатата деценија!

Имено, тие беа заедно во текот на вториот дел од 2009 година и таа врска траеше околу шест месеци пред да го објават официјалниот крај на почетокот на 2010 година.

Цеца и Цвеле останаа во добри односи, а таа врска се памети и како прва јавна романса на Цеца откако стана вдовица.

Раскинавме поради непомирливи разлики во карактерот, но со договор и без лоши зборови. Тоа што им се случува на другите парови ни се случи и нам, па нема ништо сензационално во нашето раскинување. Ќе останеме пријатели, а јас ќе чувам само убави спомени од времето поминато со Владимир бидејќи немаше лоши – изјави Цеца по раскинувањето, додека манекенот истакна дека „Цеца не сака многу да се движи, па поголемиот дел од времето го троши дома“, додека тој е авантурист.

Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ денеска има долгогодишна партнерка со која повремено се појавува на јавните настани, успешен бизнисмен е, а го зачувал и убавиот изглед. Судејќи по неговиот Инстаграм, многу и патува. Неодамна наполни 47 години, што го прави само четири години помлад од бившата партнерка, а сè уште може да се натпреварува во фит-форма со многу помлади момци.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.