Сепак во „кралски“ стил: Се омажи популарната пејачка и бивша девојка на принцот Хари (ФОТО)

Венчаницата е уникатна и вистинско ремек-дело

Пејачката Ели Голдинг по врска од две години се омажи со Каспар Џоплинг, трговец со уметнички дела, а на церемонијата присуствуваа голем број познати личности, меѓу кои и принцезите Беатрис и Еугенија, актерот Орландо Блум и пејачката Кети Пери, Џејмс Блант и Сиена Милер.

 

Иако двојката сакаше венчавката да биде скриена од очите на јавноста, сепак „испливаа“ некои детали.

 

Познато е дека двојката за планирање на венчавката ја ангажирала истата агенција што се погрижи за венчавките на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, Хари и Меган Маркл и Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус.

Сепак, најголемо внимание и коментари предизвика уникатната венчаница на пејачката, со долги ракави и А-крој, а најинтересни беа украсите, ситни перлички на долниот дел и јаката позната како „Петар Пан“.

 

Фото и видео: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.