Кралицата Елизабета ретко може да се види во јавноста со насмевка на лицето, но оние што имале можност да бидат во нејзино друштво тврдат дека е многу духовита и забавна. Голем број нејзини шеги се прераскажуваат, а сега одлучи да се пошегува со група американски туристи, кои не сфатија дека токму таа е кралица на Велика Британија.
Кралскиот имот во Шкотска го посетила група туристи, кои не сфаќајќи со кого разговараат ја прашале кралицата Елизабета дали живее во близина. Таа им одговорила дека има куќа недалеку од местото на кое се сретнале, а потоа следувало прашањето дали некогаш ја сретнала кралицата.
Јас не, но овој полицаец тука ја има сретнато“, им одговорила 93-годишната кралица Елизабета II, со насмевка на лицето и им го покажа телохранителот кој веќе 30 години работи за кралското семејство.
Фото: Guliver/Getty Images, Инстаграм