ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 5 јули 2022 (вторник)

Астро-прогноза

Овен

Среќата е на ваша страна, па ако размислувате за некоја финансиска инвестиција, сега е вистинското време за тоа. Ќе слушнете добри вести во врска со некоја сакана личност и ова ќе ви го подобри расположението. Во љубовта секогаш ги земате предвид и потребите на партнерот, па затоа во вашата врска владее хармонија.

Бик

Заземете се за своите цели за да остварите напредок во работата. Можно е да се прашувате кој е следниот потег во работата. Ако сакате промени во љубовта, потребно е да го смените својот став. Ќе ја освоите личноста која ви се допаѓа подолго време. Се чувствувате изоставени без вистинските информации што ги бараат сите други.

 

Близнаци

Сте претрпеле финансиска загуба, па сега и еден денар ќе ви изгледа како богатство. Не разочарувајте се, наскоро ќе дојде до подобрување на финансиско поле. Во љубовта ве очекуваат изненадувања, дел пријатни, дел не, но сепак скротете ги емоциите и не реагирајте бурно. Ако нешто не оди, не можете сосила да го средите.

Рак

Можен е конфликт во работната средина, но вие никако не смеете да заземете страна. Држете ги очите отворени кога станува збор за финансиите и заштитете го она што е ваше. Не се расфрлајте, ќе се каете кон крајот на месецот. Во љубовта не се обидувајте да го контролирате секој потег на партнерот. Премногу го притискате.

Лав

Погледнете наоколу, секогаш има насмеани лица и добри пораки. Треба да решите нови дилеми во договор со саканата личност. Ве интересира нечија деловна понуда. Некој ве инспирира да бидете поангажирани и во добро расположение. Денот ќе ви биде одличен кога станува збор за љубовта и емоциите.

Девица

Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа. Работната недела покажува дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство. Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски.

Терезија

На некој начин денес ќе блескате. Можете да очекувате стабилност кога станува збор за работата. Денес не би требало да имате никакви проблеми. Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место. Некој ви работи зад грб или можеби ќе помислите на такво нешто.

Скорпија

Чувајте се од прекумерни реакции бидејќи тие можат да ја погодат главата посилно отколку проблемот што сте сакале да го решите. Најдобро би било да ги извршувате своите должности најдобро што можете и да дозволите работите на коишто немате влијание сами да се средуваат.

Стрелец

Променете некои стари навики што ви ја црпат енергијата секојдневно. Избалансирајте подобро помеѓу работните и приватните обврски. На ваш типичен начин попрво би се повлекле настрана, отколку да прашате што ви припаѓа. Во љубовта очекувајте стабилен период и не го нарушувајте со неосновани сомнежи кон партнерот.

Јарец

Го живеете животот во целост и не правите пауза. Не се грижете за деталите, но пронајдете го вашиот мир. Имате високи цели и се стремите да ги достигнете. На љубовно поле ќе процветате, но внимавајте да не оставите грешен впечаток. Сосема случајно во вашиот живот ќе влезе личност која ќе се смести во вашиот најтесен круг.

Водолија

Само кога ќе ја сфатите вистината, ќе разберете како треба да ги решите своите деловни и финансиски дилеми. Впечатокот што го имате за деловни можности ќе биде потврден како точен. Партнерот се жали на вашата честа оддалеченост или ненадејната заборавеност. Поправете ги вашите грешки навреме. Искрено разговарајте.

Риби

Ставете се себеси во центарот и обидете се да соработувате добро со сите други. Немојте да се колебате ако е во прашање нешто само за вашето задоволство. Бидете прилагодливи, но не до таа мера за да си го уништите внатрешниот мир. Денес можеби ќе имате финансиски проблеми што ќе треба да ги решите.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.