Милица Тодоровиќ се огласи за новото момче, па прозборе и за бившиот Стругар!

Милица нема спас од коњите...

Пејачката Милица Тодоровиќ, по раскинувањето со актерот Петар Стругар, повторно ужива во љубовта, со поранешниот модел Лазар, а сега со изјава го „искаса“ бившиот.

Имено, во гостувањето кај Цецa, Милица го задевала бившиот поради коњот.

Во делот од емисијата кој е посветен на медиумските наслови, пејачката ја коментираше изјавата дека неа и Петар Стругар ги запознал коњ.

Пејачката и актерот ја започнале врската откако се запознале на снимањето на спотот на Милица за песната „Љубав мање“. Милица за видеото му го позајмила коњот, а после тоа на Петар му испратила порака на Инстаграм.

„Му напишав „Коњот ти е убав“, така се запознавме. Ама ете, коњот нè спои, а и не раздели коњот! Цел ден беше со коњите“ – изјави Милица во „Цеца шоу“.

Милица откри кое е нејзиното ново момче за кое постојано се шушка во јавноста.

„Сегашниот дечко е тренер во коњичкиот клуб. Не можам да бегам од коњите, дефинитивно, ме следат“ – низ насмевка изјави Милица.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.