Бившата девојка на Роналдо откри колкав скржавец е популарниот фудбалер: „Пиевме чајче и гледавме ‘Слетки’“
Кој би рекол...
Неодамна откри како изгледа љубовен состанок со Роналдо.
Пред да ја запознае заносната Георгина Родригез (28), Кристијано Рондално (37) бакнуваше многубројни убавици, а една од нив неодамна проговори за тоа како е да излегуваш со Роналдо, кој и покрај огромните милиони, бил доста скржав.
Симпатичната русокоса, Џема Аткинсон, англиска актерка и инфлуенсерка, проговори за тоа како изгледала нејзината врска со познатиот фудбалер. Џема и Кристијано се забавуваа во 2007 година, кога тој играше за Манчестер. Говорејќи на радиото „Ки 103“ во Манчестер, Џема откри дека нивните состаноци биле многу едноставни – и покрај неговата светска слава.
Отидовме кај мене дома, се напивме чај и гледавме ‘Сплетки’“, признава таа, а потоа додава: „Искрено! Не знам дали се’ уште ужив во тоа, но изгледаше дека тогаш ужива“, додаде Џема, која открила и дека ѝ биле понудени многу пари за да зборува за нивната врска.
View this post on Instagram
Кога раскинавме, ми нудеа многу пари за да зборувам за него, но јас не сакав“, признала таа.
Додека Џема сега е среќно свршена со нејзиниот иден сопруг, Кристијано најде љубов и со Георгина Родригез.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм