Карлеуша првпат искрено за Тошиќ: „Му простив на Душко за се што направи, но тој не простува“ (фото)

Ех, секој си го знае...

Не можам да не го сакам Душко, бидејќи тој е татко на моите деца и ќе го сакам засекогаш“, изјави Јелена.

Поп дивата Јелена Карлеуша е една од најинтригантните јавни личности на целиот Балкан, а последните години поради големиот интерес на јавноста медиумите често се занимаваат со нејзиниот брак во кој е со фудбалерот Душко Тошиќ.

Сега за прв пат најискрено и најинтимно проговори за  Тошиќ, за кој вели дека „не сака и не може да го надмине медиумското лудило“ што им се случи пред неколку години.

„Не можам да не го сакам Душко, бидејќи тој е татко на моите деца и ќе го сакам засекогаш. Сметам дека Душко е најубавиот човек во мојот живот и татко на моите деца. Сигурно би го дала животот за него, ако некој го нападне Душко. Ќе застанам пред куршум, не пред еден, пред десет“, потенцира Карлеуша.

Пејачката изјавила дека таа и нејзиниот сопруг се сосема различни луѓе, и дека иако му простила за се што направил, тој е еден од оние кои не простуваат.

„Ние сме различни, му простив на Душко за се што направи, но тој не е тип што простува. Не можеше да го надмине и не може, има такви луѓе, едноставно она медиумско клеветење каде што е претставен како кукавица…“ изјави таа во подкастот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.