За НЕА велат дека е НАЈУБАВАТА ПРИРОДНА ЖЕНА во СРБИЈА, а само што излезе од вода објави ФОТОГРАФИЈА БЕЗ ГРAM шминка и цел Инстаграм е во ЕКСТАЗА! (ФОТО)

Слобода Миќаловиќ е позната како жена која е синоним за природна, ненаметлива убавина и како личност која им се спротивставува на трендовите на естетската хирургија и не се двоуми да го покаже своето лице без шминка.

Денес, кога на секој чекор можеме да видиме жени без ниту една мана, кои повеќе личат на кукли отколку на вистински жени, секако е за пофалба кога некој ќе се осмели да биде едноставен, природен и нормален на социјалните мрежи.

Затоа не’ воодушеви фотографијата на Слобода Миќаловиќ од базен! На неа, актерката нема ни малку шминка, нема ни фризура – позира со мокра коса, додека ужива на сонцето и ни докажува дека за да бидеме убави, потребно е да бидеме задоволни.

Слобода, која во август ќе наполни 41 година, може да се пофали со негувана, убава кожа без брчки, и навистина – изгледа две децении помладо во ова ноншалантно издание.

А во тој тон се и коментарите на нејзиниот инстаграм-профил под оваа слика.

Убавица“, „Најубавата актерка“, „Прекрасна жена“, „Природна убавица“, се само дел од комплиментите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.