Анастасија и Гудељ уживаат во Белград: Спиеја во вилата Ражнатовиќ, а еден детаљ на фудбалерот на сите им падна во око (фото)

Фудбалерот ја засени Анастасија...

Нека му е наздравје!

Кога и да се работи за семејството Ражнатовиќ тоа привлекува внимание без да направи некој поголем чекор. По веста дека Богдана е трудна по трети пат во Белград пристигнаа Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник фудбалерот Немања Гудељ. Иако ваквата информација не беше поводот за нивното пристигнување сепак поминаа неколку дена во вилата Ражнатовиќ.

Фудбалерот Гудењ со Анастасија пристигна во главниот град на Србија поради неговиот професионален ангажман. Тој играше за српската репрезентација и со мечот се пласираа на Европското првенство.

По прославата на која пееја и Цеца и Анастасија се упатија накај аеродромот од каде повторно отпатуваа за Шпанија.

Екипата на „Папарацо лов“ ги следеше во моментот кога ја напуштаа вилата. Според фотографиите може да се види дека уживаат во опуштена облека, кога си мислат дека се далеку од фотоапаратите и камерите, но она што го привлече вниманието на јавноста беше израснатата коса на фудбалерот.

Имено тој пред одредено време направи трансплантација на косата, а според изгледот се чини дека третманот бил успешен.

Фото: prtsc youtube „Paparaco lov“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.