Светот на oриенталните парфеми во Schatze парфимерии

Во средата, 22.11., во парфимеријата Schatze во Куманово, се одржа промоција на oриентални парфеми. Настанот ги собра ентузијастите и познавачите на мириси, ценетите претставници на медиумите,  инфлуенсери и познати личности на едно извонредно искуство, покажувајќи ја уметноста и раскошот кои го нудат ориенталните парфеми.

Гостите беа почестени со извонредно сетилно патување, истражувајќи ја миризливата колекција на ориентални парфеми. Секој мирис, прецизно изработен со ретки и егзотични состојки, нуди уникатен израз на елеганција и традиција. Присутните се восхитуваа на хармоничниот спој на мириси што ги превезуваа во срцето на Ориентот.

На гостите им се обрати бренд-менаџерката на овие парфеми, Зорана Беатовиќ, која ги доближи овие брендови до гостите, запознавајќи ги со специфичноста на нивните состојки и одлични амбалажи.

Местото на настанот беше претворено во ориентална оаза, обвивајќи ги присутните во атмосфера на софистицираност и културно богатство. Спојот на музика, визуелност и мириси ги одведе гостите до Ориентот.

Нотите на извонредните мириси од брендовите: Armaf, Lattafa, Rasasi, Swiss Arabian, Afnan, Al Harmain и Flavia го претвори местото во ориентална оаза, обвивајќи ги присутните во атмосфера на софистицираност и културно богатство. Спојот на музика, визуелност и мириси ги одведе гостите до Ориентот.

Откријте го светот на ориенталните парфеми во Schatze парфимерија.

 

Коментарите се заклучени.