Како во старите добри времиња – „99 МЕГАСТАРС“ ги обедини музичарите и водителите кои зенитот на својата популарност ја имаа во 1990-те и 2000-те

Како што претходно информиравме на 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија во еден интерактивен забавен концепт насловен како „99 МЕГАСТАРС“ кој ќе потсетува на „старите добри времиња“ а ќе го има модерниот технолошкиот печат.

Низ времето ќе не’ „возат“ Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Ластовица, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Атанасовска, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Мила Николовска-Ѓумар, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Александар Ристовски-Принц и други.

Што се однесува до техничкиот дел, благодарение на кој присутните ќе добијат можност за уникатно уживање и настан каков што ретко се гледа на нашите простори, очекувајте бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба“ со сите изведувачи, а уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат во салата.

Пред СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај.

Влезниците за настанот 99 МЕГАСТАРС се добиваат како подарок со регистрација на новата интернет-платформа за приредување онлајн игри на среќа www.megawin.mk, која е наменета за љубителите на спортско обложување и видео лотариски игри.

Затоа дојдете вооружени со насмевка и позитивна енергија, дојдете подготвени да си ги освежиме сеќавањата на најголемите домашни музички хитови од 1990-те и 2000-те години и да споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.