Никој не остана имун: 96 годишна баба од Британија со порака до Новак, со коментар се јави и Јелена Ѓоковиќ (видео)

Љубовта на познава граници и години, зарем не?

Фото: Getty Images / Matthew Stockman

Кој е како него!

Иако Новак Ѓоковиќ на големо војуваше со навивачите во Велика Британија во текот на Дејвис купот сепак тој ги освои симпатиите и на некои тамошни локалци.

Пример за тоа е една 96 годишна баба која на денот на четвртфиналето од Дејвис купот му испрати специјална фото порака на Ѓоковиќ. Со тоа на тенисерот му честиташе што заврши прв на листата за оваа сезона и стигна до 400-та недела на АТП листата.

„Здраво Новак, среќна сум што тоа можам да го направам. Ти честитам на заслужениот успех. Со радост се сеќавам на денот кога лично те запознав и се фотографиравме. Тоа беше голема радост за мене, се надевам дека ќе се видиме повторно, Бог да те благослови“, порача старицата.

Интересно е тоа што на ваквата порака не реагираше самиот тенисер туку неговата поубава половина Јелена Ѓоковиќ.

„Ова ми го стопи срцето. Биди благословена“, напиша Јелена.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.