Пластичните хирурзи целосно го сменија изгледот на Немања: Преку ноќ стана непрепознатлив (фото/видео)

Сите го коментираат изгледот на Немања Гудељ...

На толку пари…

Фудбалерот Немања Гудељ одлично се грижи за својот изглед, а со оглед на тоа дека е професионален спортист, се подразбира дека неговото тело изгледа совршено. Меѓутоа, пред неколку месеци сопругот на Анастасија решил да „работи на главата“, поточно на косата, а за новиот и поубав изглед на Немања Гудеља се погрижила турска клиника.

Иако беше препознатлив по долгата коса, секогаш врзана во опавче, српскиот репрезентативец не беше задоволен од нејзината густина, па реши да направи трансплантација.

Дефанзивецот на Севиља по посетата на пластичните хирурзи во Турција се пофали со резултатите на својот Инстаграм профил.

„Со задоволство можам да ги споделам со вас резултатите од мојата трансформација на косата!Резултатите се неверојатни. Засекогаш благодарен за оваа трансформација“, напиша Немања.

А, како што дознаваме од коментарите под објавата на Инстаграм, Немања бил испратен на трансплантација од фудбалерот Иван Ракитиќ, кој на шега му напиша:

„Кој те испрати таму и те убеди, слава за него…“.

Фото: принтскрин

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.