Италијанскиот креатор на парфеми Paolo Terenzi во Македонија, ексклузивно пред македонската јавност ги промовираше своите брендови

„Со љубов се е возможно“ – Paolo Terenzi

Paolo Terenzi, италијанскиот креатор на Tiziana Terenzi и Квинто Канто кои се дел од ниш парфемите, вчера пред очите на македонските блогери, тв лица и медиуми покажа како ги создава неговите парфеми.

Промоцијата беше замислена и реализирана како интерактивна работилница, еден вид мастер час со присутните гости.

Paolo Terenzi преку комуникација ги запознаваше и за секој од нив, креираше парфем кој одговара на неговиот карактер.

Неговата филозофија е дека убавината треба да биде компонирана. Преку начинот на кој ги промовира парфемите, ја раскажува семејната историја и традиција, на која што е многу горд, истовремено, делумно го открива процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

Приказната на брендот Tiziana Terenzi почнува од 1968 година, но истoријата на создавање мириси датира многу порано, кога Guglielmo Terenzi и Луиѓа Манчинин Теренци го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Paolo Terenzi, Evelino. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Tiziana Terenzi, која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Paolo Terenzi, кој е креатор на сите мириси во овој бренд.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси, има од 200 до 300 кои ги употребува постојано, правејќи нова компзоција на мириси на кои никој не останува рамнодушен. Во 2012 година, заедно со неговата сестра Tiziana создаваат нивни лиценциран бренд, а во 2014 година еден од брендовите беше номиниран за престижните Fifi Awards.

Брендовите Tiziana Terenzi и V Canto можете да ги најдете во парфимериите Аnabella во хотелот Мериот и во Cosmo City Mall.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.