8 славни личности што си го смениле полот: Нема да ви се верува кој сè се наоѓа на овој список!

Неверојатни трансформации

Потребно е многу храброст за ваква одлука

Желбата на овие ѕвезда да си го променат полот била посилна од сè друго. Погледнете кои 8 познати личности се одлучиле на овој чекор:

1. Андреја Пејиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andreja Pejic (@andrejapejic)


Андреј Пејиќ (23) си го промени полот во 2014 година и стана Андреја.

„За мене тоа е лудо. Психолошката рехабилитација, операцијата… Тоа беше интересно и многу позитивно искуство. Сепак, тоа не е лесен процес, не е бајка. Тоа не ги решава сите проблеми. Тоа е само еден дел од вашето тело и вашиот идентитет“, открила Андреја.

2. Џина Росеро

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geena Rocero (@geenarocero)


Дали ви се верува дека американската супермоделка со филипинско потекло Џина Росеро некогаш била момче? Тоа дека не е родена како женско, Џина го открила во 2014 година во една позната емисија, бидејќи сакала да ги инспирира и поддржи другите луѓе што сакаат да го променат полот.

3. Лаура Џејн Грејс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Jane Grace (@laurajanegrace)


Родена како Томас Џејмс Гејбел, Лаура е пејачка и гитаристка на американскиот панк-бенд Against Mе. Во 2012 година во интервју открила дека во иднина планира слободно да живее како трансродова жена.

4. Џез Џенингс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jazz (@jazzjennings_)


Џез е познат јутјубер, говорник и најмладиот ЛГБТ активист. Кога имала само 9 години, откако била исфрлена од женскиот тоалет во училиште (тогаш била момче), снимила видеопорака за тогашниот претседател на Америка Барак Обама и му го објаснила проблемот со неразбирањето и неодобрувањето на трансродовите лица. Ја започнала и ТВ-емисијата „Јас сум Џез“ и сега е еден од најпопуларните трансродови примери во светот.

5. Ејдијан Даулинг


Денес е познат како успешен јутјубер и бодибилдер, но и адвокат и активист за правата на трансродовите лица. Тој исто така е и сопруг и татко. Ејдијан е првиот трансродов маж што се нашол на насловната страница на магазинот Men’s Health.

6. Леа Ти

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lea T (@leat)


Познатата манекенка и ѕвезда на модната куќа Живанши е ќерка на познатиот бразилски фудбалер Тонињо Серез. Таа е првото трансродово лице што се појавила на церемонијата за отворањето на Олимписките игри.

7. Елиот Пејџ

Канадската актерка Елен Пејџ (33) на сите им е позната по улогите во хит-филмовите „Џуно“ и „Почеток“, како и серијалот „Икс-Мен“. Таа пред неколку месеци ја шокира јавноста со објавата дека е трансродово лице и дека во иднина ќе се претставува како Елиот Пејџ.

8. Чез Боно

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chaz (@chaz_bono_fan_account)


Синот на Сони Боно и Шер, 52-годишната Чез Боно, е роден како девојче Честити, а во 2009 година одлучил да си го промени полот кога сфатил дека е маж заробен во женско тело. За проблемите со кои се справувал пред операцијата првпат отворено проговорил во интервју кај Опра Винфри во 2011 година:

„Животот ми беше многу тежок пред операцијата, особено кога минував низ пубертет. Не знаев како да ги исполнам туѓите очекувања и се чувствував како сопственото тело да ме издава. Од атлетски градено девојче станав жена со облини и тоа ме ужаснуваше“.

Сите животни тајни на водителката на Евровизија: Се родила како момче а на 19 години станала жена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.