Врвен стил, совршен фраер, среќа во очите: Адријана Лима е жена која има сè!

Блеска!

Жената е најубава тогаш кога е вистински среќна

Бразилскиот супермодел Адријана Лима (40) се појавила на една гала-прослава во Лос Анџелес. Штом зачекорила на црвениот тепих, сите погледи биле вперени во неа, и тоа од повеќе причини!

Сите го оцениле нејзиниот стајлинг како врвен – краткиот и струкиран беж фустан ја нагласил нејзината беспрекорна фигура, а доза сексапил додал и долгиот кожен капут во боја на коњак и сандали во беж боја.

Драматичната шминка дополнително го нагласила сексапилот на атрактивната Бразилка, а нејзината насмевка ја откривала нејзината искрена среќа, што било уште еден повод за коментари на смета на Адријана.

Имено, таа на црвениот тепих пристигнала во придружба на новиот дечко, филмскиот продуцент Андреа Лемерс (40), чија љубов и внимание очигледно многу ѝ годат.

Не ја пуштала неговата рака цела вечер, а среќата што се гледала на нејзиното лице кажува само едно нешто: Адријана Лима е жена која има сè!

Поради овој моден избор на Адријана Лима, сите погледи беа вперени во неа (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.