Испливаа мрачните тајни на принцот Филип: Кралското семејство со години го криело ова од јавноста!

Скандал ја тресе Англија

Новинар од „Дејли мејл“ предизвикал вистинска бура во Англија со серија текстови за принцот Филип

На сопругот на британската кралица Елизабета Втора, покојниот принц Филип, не му било лесно да се избори за своето место во кралското семејство, а во неколку наврати му донел големи неволји.

На скандалозните детали од неговиот живот повторно се потсетил новинар од порталот „Дејли мејл“ во серија текстови што деновиве предизвикаа голема бура во Велика Британија. Авторот особено се осврнал на врската на кралското семејство со службите за безбедност.

Кога згодниот принц Филип од Данска и Грција почнал да ѝ се додворува на младата принцеза Елизабета Втора, татко ѝ ангажирал шпиони да дознаат сè за него и за неговото минато.

Бил спроведен дискретен надзор со кој кралот добил увид во приватниот живот на својот иден зет, па меѓу другото дознал дека не е многу примерен и дека ужива во вечерните излегувања со алкохол.

Во меѓувреме, приватниот детектив ја предупредил принцезата Елизабета дека принцот Филип нема да ѝ биде верен, а со тоа се согласил и кралскиот личен детектив Томи Ласкелес, кој го сметал за груб и необразован.

Многу сериозна пречка за оваа врска биле и наводите дека принцот Филип бил симпатизер на нацистичката партија, а постоеле дури и фотографии што го докажуваат тоа, поради што таткото на кралицата Елизабета повеќе не бил подготвен да го прими во своето семејство. И неговата сопруга, мајка ѝ, се обидела да ја спои Елизабета со други многу попримерни ергени.

Иако наводната поврзаност на Филип со нацистите се чинела прилично алармантна, кралското семејство повеќе го мачеле неговите социјалистички идеали во младоста, што всушност се коси едно со друго.

Со текот на времето, кралското семејство сепак го прифатило Филип и тој го добил нивниот благослов да се ожени со Елизабета. Венчавката била закажана за ноември 1947 година.

Кога веќе бил десет години во брак со Елизабета, се појавиле нови загрижувачки сомнежи околу однесувањето на Филип. Палатата во 1956 година била принудена да издаде соопштение во кое негирала дека нивниот брак е на стакклени нозе откако Филип бил на подолга и самостојна турнеја во Мелбурн, каде што ги отворил Олимписките игри.

Се зборувало и дека со својот коњушар Мајк Паркер оди по лондонските клубови, со што, покрај што ги срамел својата сопруга и кралското семејство, ризикувал да стане и мета на уцени на Советот.

Имено, Филип бил член на Tuesday Club, кој секоја недела се состанувал на разуздани вечери во лондонскиот Сохо кои знаеле да траат до раните утрински часови. Сето тоа било чувано во строга тајност, додека Филип во јавноста важел за примерен сопруг и татко.

Уметник по име Вард трдел дека има фотографии од принцот на кои позира опкружен со девојки. Информациите и материјалите што ги имал требале да послужат како средство за уцена, но сепак не дошло до тоа на крајот.

Во јуни 1963 година ФБИ објавиле дека Филип бил вмешан во аферата „Профумо“, меѓутоа не откриле точно на кој начин, а се шушка дека кралицата Елизабета тајно го откупила неговиот портрет што го насликал Вард и фотографиите за да постојат што помалку докази за неговиот разуздан живот.

Приказната на принц Филип: На денот на венчавката имал 12 пени на сметка, а се венчал со кралица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.