Сите животни тајни на водителката на Евровизија: Се родила како момче а на 19 години станала жена!

Во 2018 преживеала незамислива трагедија

Добивала закани дека на медиумите ќе им бидат откриени сите нејзини тајни, па одлучила сама да го направи тоа во 17-минутно видео

Популарната холандска шминкерка Ники де Џагер, попозната како Niki Tutorials, се испроба во улога на водителка на синоќешната Евровизија.

Оваа 27-годишна девојка, висока 190 сантиметри, е славна јутјуберка која ја следат повеќе од 13 милиони луѓе. На почетокот од минатата година сите ги шокирала кога открила дека се родила како маж и дека со години живее како трансродово лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)


Своето искуство го споделила во 17-минутни видео со наслов I’m Coming Out.

„Денес со вас ќе споделам нешто што отсекогаш сум сакала да ви го кажам, но под мои околности. Ми се чини дека таа можност ми беше одземена, па затоа си ја враќам својата моќ. Нова 2020 е и сакам да ја започнам оваа година со вистината. Не можам да поверувам дека го кажувам ова. Се родив во погрешно тело“, вака почнала Ники во видеото кое досега го погледнале речиси 37 милиони луѓе.

„Да се снима ова видео од една страна е застрашувачко и истовремено толку ослободувачко чувство. Да, јас сум трансродово лице, но на крајот од денот јас сум само јас, како што и вие сте вие. Сите ние треба да ги живееме сопствените живот без никакви ограничувања. Со ова сакам да ги инспирирам сите мали Ники ширум светот да го сторат истото, да живеат онака како што го заслужуваат тоа. Ги водам своите битки секој ден и знам дека ве има. Му требаме на овој свет! Треба да се чуеме и да се разбереме едни со други. Без оглед на тежината, бојата на косата, кожата…“, продолжила таа.

„Отсекогаш сум си играла со кукли. Ме интересираше шминка и фустани. Мајка ми ми кажа дека ќе бидам геј или дека нешто друго ќе се случи. Отсекогаш ме поддржувала, за што сум ѝ благодарна. На само седум години почнав да носам исклучиво женска облека, учителите на училиште ме разбираа, а деца како деца, некои беа збунети“, се присетила Ники.

„Кога имав 14 години, почнав со хормонална терапија. На 19 години, процесот на транзиција беше завршен и конечно станав жена“, открила Ники и додала дека некој ѝ се заканувал дека сето ова ќе им го открие на медиумите, па затоа одлучила да собере храброст и сама да признае сè во видеото.

Ники е во врска со 26-годишниот Дилан, а во февруари оваа година се свршиле.

Познатата Ники во 2018 година преживеала голема трагедија. Нејзиниот десет години помлад полубрат Микаи во 2017 година се разболел од рак на лимфните жлезди. Тогаш имал само 13 години. Една година подоцна починал.

„Најголемиот мој херој, сега конечно можеш да се одмориш“, напишала тогаш Ники на фотографија со брат ѝ.

Ако оваа фотографија ве збунува, прочитајте го остатокот од текстот! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.