Кариера во странство: Изберете која земја е најдобра за вас

Дознавме од прва рака

Во нашата земја, за жал, често наш иден најдобар деловен чекор е преселба во друга земја. Ако сте на пат да донесете таква одлука, да разгледаме која земја е најдобра за вас

Исланд – непланирана островска авантура

Елизабета Димовска, магистер за интелектуална сопственост

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabet (@elleizabet) on

Можеби не е на листата на нашите луѓе за најпосакувани земји за нашите луѓе, но манекенката Елизабета Димовска, и покрај многуте можностите да гради кариера во ОАЕ или во некој од посакуваните европски бизнис-центри, сепак како магистер за интелектуална сопственост се одлучи за малата островска земја на далечниот север.

Исланд својата популарност ја доби не многу одамна, поради вулканот Ејафјатлајокул, кој еруптира во 2011-та и направи хаос во авиосообраќајот, а симпатиите на светот ги освои и со огромниот успех на националниот тим минатата година.

Прочитајте и: „Јас сум една од оние луѓе што заминаа за Норвешка“: Се вратила по една година,…

Одеднаш, луѓе од секој дел на планетата ги резервираа своите авиобилети да ја посетат земјата на „мразот и огнот“, и така Исланд минатата година ја заврши со пет милиони туристи во текот на целата сезона, а до крајот на оваа година се очекува таа бројка да се зголеми.

Следствено на тоа, оваа земја со 350.000 локални жители нема доволен капацитет да ја задоволи новонастанатата потреба од различни работни профили во полето на туризмот и угостителството. Се работи на изградба на нови луксузни хотели, а потребата од градежни работници и преостанати технички профили се проценува на околу 4.500 луѓе за оваа сезона.

Неизбежно е да се истакне дека, иако Исланд не е дел од ЕУ, сепак за подолг престој, а особено за работа на која било позиција, потребен е ЕУ-пасош или да се помине екстремно сложена постапка за обезбедување на потребната документација, која целосно зависи од самиот работодавец.

За жал, поради големата понуда на работна сила од источноевропските земји, ретко кој работодавец влегува во процес на обезбедување работна дозвола за работници од неевропските земји.

 

 

View this post on Instagram

 

#aframisland #áframísland #emisland #emísland #smallcountrybigheart #vikings #euro2016

A post shared by Elizabet (@elleizabet) on

„Мојата исландска авантура започна сосема случајно, како кратка посета на земјата. Бев на пресвртна точка во мојата професионална кариера, а чувствував и потреба за одредена лична промена, па, така, престојот се пролонгира на неколку месеци, кои ги поминав ангажирана во еден мал семеен хостел на југот на земјата, во прекрасна природа и 24-часовна дневна светлина. Запознав луѓе од целиот свет, секој со своја приказна и животна цел.

По втората сезона на истото место, веќе добро ги запознав земјата, менталитетот и културата, па почнав да размислувам за потрајно решение, што ме одведе во Рејкјавик, еден мал но многу космополитски град, со многу посебна душа и карактер.

Она што е многу интересно да се истакне, тука нема бркање титули. Фактот што секоја работна позиција ви носи и повеќе од солиден приход, ја елиминира потребата за истакнување или за придобивање почит и вредност преку рангот на вашето работно место.

Ова беше една од најголемите разлики што ја доживеав на работното место. Едноставно, тука никогаш нема да го доживеете притисокот на менаџерот или на газдата. Сè е на една опуштена пријателска база и најважно е работата добро и успешно да се заврши.

Прочитајте и: Сиромашни родители посвоиле момче кое ги направило милионери: Приказна од…

Моето искуство во модниот свет и во манекенството ми овозможи контакт и соработка со овдешните модни агенции и дизајнери, што резултира со неколку проекти што ми се особено драги. Секако, нема да го изоставам фактот дека како странец, иако добро прифатен и третиран со еднаквост во секоја пора на општеството, има граница преку која тешко поминувам.

Дури и луѓето што живеат тука десет години, ќе посведочат дека Исланѓаните се многу горд и малку затворен народ и ако сте дојденец, секогаш ќе постои тоа последно скалило што ќе ве раздвојува од локалците. Засега ми годи скандинавскиот начин на живот и моите планови за иднина се врзани за Исланд.“

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм, приватна архива, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.