Кариера во странство: Изберете која земја е најдобра за вас

Дознавме од прва рака

Во нашата земја, за жал, често наш иден најдобар деловен чекор е преселба во друга земја. Ако сте на пат да донесете таква одлука, да разгледаме која земја е најдобра за вас

ОАЕ: Блескаво, заводливо и скапо

Дамјан Дренковски, водител и стјуард

 

 

View this post on Instagram

 

Сабота е ден за кафе и ручек на плажа у Калитеа🤭🤫😎

A post shared by Damjan Drenkovski®™ (@iamdamjany) on

Последниве години Обединетите Арапски Емирати, особено Дубаи, им станаа мошне примамливи на нашите луѓе. Еве што треба да знаете пред да тргнете во „арапската авантура“. Многу е важно да имате претходно осигурена работа. Не можете да добиете лиценца за работа доколку не сте во работен однос, затоа што работодавецот е носител на вашата работна виза.

Подобар почеток остваруваат оние со факултетски дипломи, затоа што за „помалку платените работи“ во Дубаи се ангажираат луѓе од други земји: Индија, Пакистан, Филипини, затоа што се помалку платени. Таму живеат голем број наши здравствени работници. Но се бараат и медицински техничари, не само лекари и специјалисти. Лесно наоѓаат работа и експерти за маркетинг, а има и доста наши професори во основните и во средните училишта. Странец никогаш не може да добие државјанство на ОАЕ, па дури ни со склучен брак со нивен државјанин. Може да се добие само виза за резидент, која се обновува на година-две, и тоа исклучиво доколку сте во работен однос. Просечната заработувачка зависи од тоа од која земја доаѓате.

Нашите работници поминуваат добро, на пример медицинска сестра заработува меѓу 3.500 и 5.000 евра. Платата за професори изнесува 3.000 евра, со тоа што тие најчесто имаат платен комплетно уреден стан и можност за бесплатно школување до три деца. За сите преостанати родители, школувањето на децата е голем предизвик, изнесува од 3.000 до 7.000 евра, а за превоз, храна и за униформи за децата се плаќа дополнително. Градинките на годишно ниво чинат околу 5.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

На отворање на терасата на Прл у Калитеа на втор крак🍾

A post shared by Damjan Drenkovski®™ (@iamdamjany) on

Значи, пред да се преселите во Дубаи, треба да размислите добро. Така направи и нашиот познат водител Дамјан Дренковски, кој веќе две години живее и работи во Дубаи, како стјуард за авиокомпанијата „Флај Дубаи“.

Пред да се преселам во Дубаи, бев на одмор во 2012 година. Навистина ми се допадна позитивната атмосфера, која и денес ја чувствувам тука. По три години од тој одмор, добив работа во авиоиндустријата и скопската адреса во Карпош 4 ја заменив со Дубаи. Не дојдов како што доаѓаат повеќето од странците – да работат и да заработат неколку години и да се вратат во родните земји и да продолжат со животот. Тука дојдов да живеам, тоа што, за жал, во мојата преубава Македонија стана неподносливо, а всушност е уставно право на секој граѓанин. Да живее. Многу брзо се приспособив на ултрадинамичниот начин на живот и денес воопшто не ми е проблем да возам по 40 километри во еден правец од мојот дом до работното место, бидејќи ова растојание се поминува за 25 минути. Си имаат свои закони и тоа треба да се почитува. За време на верските празници, постат од изгрејсонце до зајдисонце. Не е дозволено да се јаде, да се пуши, па дури ни да се џвака мастика или да се пие вода во својот автомобил додека возиш. И тука има цркви и редовно си одам со пријателите за време на сите христијански празници. Многу патувам и учам нови култури. Не ми недостига многу моето Скопје, бидејќи еднаш месечно сум дома. Работата ми е флексибилна и ми дозволува често да си ги посетувам моите блиски и да испијам кафе во Дебар Маало, а потоа да си седнам во кафеанче на свинска коленица, со звуците на тамбурашите.“

Прочитајте и: Во оваа земја се живее со мирна душа: Луѓето не ги ни заклучуваат домовите и…

САД: Не постои ксенофобија насочена кон Балканците

Гордана Миновска, компјутерски програмер

Голем број луѓе го сонуваат американскиот сон, но, за жал, голем број и не го остваруваат. Иако има многу можности за работа и за живот, многу тешко се добива виза за работа.

Во истражувањето како се доаѓа до работна виза, како и во собирањето информации за животот на странците таму, многу ни помогна Гордана Миновска, која се занимава со компјутерско програмирање, а живее и работи во Сиетел.

Запишувајќи се на тамошниот факултет, го оствари правото на нивна студентска виза. Компјутерските експерти се многу барани во САД, а според податоците на американскиот завод за вработување, потребни им се и инженери, информатичари и технолози, луѓе што се занимаваат со финансии и со сметководство, психолози, менаџери, работници во кадровски служби, лекари, заболекари, медицински сестри, естетичари, нутриционисти, лични тренери и физиотерапевти.

Нашите луѓе, без легални документи, најлесно наоѓаат работа во угостителството или во сообраќајот, како возачи. Многу од нив имаат и по две работи, од кои едната е обично во угостителски објект (бидејќи тие места најлесно се добиваат), каде што понекогаш работат само за бакшиш (во Калифорнија процентот за бакшиш за келнерот изнесува од 18 до 25 отсто од сметката).

По легализирањето на престојот, многумина од нив се запишуваат на училиште или се обидуваат да се вработат во струката. Службените податоци покажуваат дека минатата година бил издаден рекорден број на работни визи за САД.

Меѓутоа, постои годишна квота од 60.000 места, која брзо се исполнува со пријави од Кина и од Индија. Бирото за емиграција во САД овозможува добивање зелена карта на неколку начини: преку семејство, венчавка, азил или работа. Секој од начините подразбира различни услови и подгрупи, но ниеден не е едноставен и брз.

Ако веќе мора некаде да бидеш странец, биди странец во Америка, затоа што тука сите се дојдени од некаде, не постои силна дискриминација и ксенофобија насочена кон белците каква што постои во западна Европа. Што се однесува на Балканците, мојот впечаток е дека сме добро прифатени во Америка, и многумина „се снаоѓаат” многу добро: благодарение на образованието, наоѓаме добра работа и уживаме добар статус во американското општество“, вели Гордана. „Во Тампа, Флорида, има силна балканска заедница, луѓето си помагаат едни на други. Но тоа не е случај и во Сиетел, каде што нема многу нашинци. Сепак, мене тоа не ми претставува голем проблем, среќна сум што сум на место каде што можам да формирам пријателства со луѓе различни од мене“, заклучува таа.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.