Во оваа земја се живее со мирна душа: Луѓето не ги ни заклучуваат домовите и автомобилите!

Мал рај

Земја со најниска стапка на криминал во светот

Во оваа земја речиси воопшто не се случуваат напади на туристи. Забележани се некои помали проблеми со законот, како крадци на паричници, меѓутоа таквите престапи се резервирани за „туристички“ подрачја, како што се аеродроми, јавен превоз, како и околу популарните градски атракции.

Сингапур е една од најбезбедните земји на светот. Овој град-држава во југоисточна Азија неодамна е прогласен за најбезбедното место, според извештајот Solo Travel Safety Report 2019.

Со анализа на податоци за безбедност на патот во 142 земји од светот, работата на локалната полиција, бројот на кражби и други напади во секоја држава, заклучено дека соло-патниците најдобро се чувствуваат во Сингапур.

https://www.instagram.com/p/B8qmfIDBzrS/

Тоа не е чудно со оглед на тоа што е познато дека во Сингапур има една од најниските стапки на криминал во светот.

Локалните жители можат да го остават својот автомобил отклучен без да се плашат дали некој ќе го украде. Жените во сингапурските ресторани и барови ги оставаат чантите без надзор за да одат до тоалет.

Дамите се чувствуваат апсолутно безбедно ако сами се враќаат дома од вечерно излегување, а родителите не мораат да се плашат дека некој ќе им го киднапира детето ако не го следат секој негов чекор во текот на денот.

https://www.instagram.com/p/B9WdBVynEtN/

Најголеми безбедносни проблеми во земјата предизвикуваат измамниците кои се преправаат дека се сопственици на зграда и бараат големи износи за резервација на станови за наем. Токму затоа се препорачува изнајмување сместување само од регистрирани компании.

Треба да имате на ум дека Сингапур е и еден од најскапите градови за живот.

Килограм мелено месо во продавница чини околу 500 денари, пиво од половина литар околу 150 денари, а во кафуле околу 600 денари, додека за месечен билет за јавен превоз мора да издвоите околу 3500 денари.

Станува збор за беспрекорно организиран град. Улиците се чисти и мирни, поради што некои ќе кажат дека Сингапур е стерилен, па дури и здодевен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.