„Јас сум една од оние луѓе што заминаа за Норвешка“: Се вратила по една година, еве зошто!

Лично искуство

Животот во Македонија наспроти животот во Норвешка

Ви ја пренесуваме приказната на една жена што заминала во Норвешка во потрага по подобар живот, но по една година се вратила назад во Македонија…

Имам 36 години, сопруг и две деца. Работам како медицинска сестра. Како и на многу други во мојата струка, така и мене ми излезе прилика да одам во Норвешка и јас ја искористив.

Тоа не беше одлука од типот: „Збогум Македонијо, нема да ме видиш никогаш повеќе!“ Едноставно, сопругот ме поддржа во идејата да се обидеме да живееме на друго место, со оглед на тоа што децата се’ уште ни одат во градинка, а до поаѓањето на училиште имаме уште полни две години. Па, одлучивме да заминеме во странство.

Не сме од оние типови луѓе кои веруваат дека целиот живот мора да го поминеме во градот каде што сме родиле, да живееме во семејната куќа со родителите. Па затоа, се спакувавме и заминавме за Норвешка.

Веднаш почнав да работам како негувателка, маж ми возеше за курирска служба, а децата тргнаа во градинка.

Деновите минуваа, а потоа и месеците. Еве што сфативме:

Што се однесува до парите, кога ќе ги платиш сметките, ти останува истата сума со која си располагал и во Македонија.

Стан немам во Норвешка, а не го имав ниту во Македонија.

Слободно време: работното време ми беше 8 часа, од работа до градинка ми требаа 15 минути, но од градинка до станот – еден час. Значи, немав многу повеќе слободно време.

Времето поминато со семејството беше понапнато од вообичаеното. Децата, поради промена на климата, а веројатно и поради стресот од преселбата, почнаа почесто да се разболуваат. Во Македонија максимално ја користевме помошта од бабите и дедовците, но овде не можевме да го правиме тоа. Па затоа, почнав да ги „цепкам“ работните денови, а тие мене ми ја „цепкаа“ платата. Јас со се’ поголем стрес гледав во децата кога ќе кивнат, а тие среќно соопштуваа дека се болни, бидејќи, за жал, само тогаш го имаа целото мое внимание.

Работно опкружување: Работа, како работа. Работев се’ и сешто во Македонија, работам се’ и сешто и во Норвешка. Нема голема разлика.

Кога го увидов сето тоа, и’ се пожалив на сестра ми во еден од нашите долги разговори преку Интернет. Таа ми кажа: „Молчи, подобри ти е таму, посредена земја, почиста… Види какво ни е тука загадувањето? За децата подобро е да живеат таму…“

Такво беше и моето мислење пред да дојдам во Норвешка, а потоа почнав да читам некои форуми на тема „животот во Норвешка наспроти животот во Македонија“.

Сфатив дека Македонија има свои недостатоци, на кои ние како поединци можеме многу да влијаеме. Така направиле и Норвежаните. На пример, ако сакате Македонија да биде чиста исто како Норвешка:

  • Можеме сами да ја поправиме вратата на влезот во зградата. Можеме да не ги кршиме оградите, сијалиците на скалите, да им дозволуваме на кучињата да уринираат во дворовите на зградите…
  • Ако сакате зградата да ви изгледа убаво, не ги запуштајте балконите и не ги претворајте во шпајз.
  • Ѓубрето секогаш фрлајте го во канта. Собирајте ги отпадоците околу зградите или во вашето паркче. Кога и вашето дете ќе го види тоа, и тоа ќе почне да го прави истото.
  • Ако имате куче – имате одговорност. Држете го на синџирче, собирајте го изметот зад него. Самите сте сакале куче!

Велат дека во Норвешка нема сообраќајни прекршоци. Тоа е така, затоа што го почитуваат законот. Ако сакате во Македонија да го намалите бројот на настраданите во сообраќај:

  • Никогаш не ја надминувајте брзината додека возите!
  • Никогаш не преминувајте улица навечер на места каде што нема пешачки премин.
  • Врзувајте го појасот кога возите.
  • Не им го пресекувајте патот на другите возила. Не кочете ненадејно. Користете сигнализација кога сакате да го промените правецот за време на возењето.
  • Не возете ако сте пиеле пиво, ракија и слично.

Велат дека Норвежаните живеат и до деведесет години! А знаете ли зошто?

  • Не варат по 50 литри ракија секоја година, за потоа да ја испијат до последна капка за време на славите и погребите.
  • Немаат обичај да печат цело прасе за Божиќ, иако немаат доволен број домашни за да го изедат тоа прасе.
  • Јадат малку, но разумно. Пензионерите таму сакаат да шетаат, а не како нашите да користат градски превоз за да стигнат до пазар.
  • Ако имаат холестерол и висок крвен притисок, Норвежаните ќе направат се’ за да го променат начинот на живот и да го поправат здравјето, а не како нашите луѓе – мислат дека апчињата ги решаваат сите проблеми.
  • Поправката на забите во Македонија, како и насекаде во светот, е скапа, но миењето на забите секој ден е бесплатно.
  • Ако дарувате крв еднаш годишно, вашето здравје ќе се подобри, но и нивото на резерви на крв во Македонија ќе се зголеми.
  • Внимавајте редовно да примате вакцина против грип, тоа е бесплатно. Погребите, од друга страна, се скапи.

По сето ова, се спакувавме и се вративме во Македонија. Сега се чувствувам помирно од причина што сега знам дека не пропуштам ништо посебно што не живеам во странство.

Не знам до кога ќе ме држи ова расположение. Можеби уште утре ќе заминам со семејството на друго место, но за сега се’ уште сме тука.

Ние пробавме, а вие?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.