8 морничави ментални болести: Симптоми на неизлечиви психички нарушувања!

Тешки психички заболувања

И лекарите честопати имаат проблем да ги дијагностицираат

Експертите велат дека едно од четири лица во текот на животот страда од некоја ментална болест или невролошко нарушување.

Некои од тие состојби се добро познати, но има и такви што се многу ретки и специфични, па дури и професионалците тешко ги откриваат и дијагностицираат, како што се следниве осум…

1. Синдром на Алиса во земјата на чудата

Познат и под името Тодов синдром, ова е нарушување што влијае врз перцепцијата на човекот, правејќи својата околина да ја гледа искривено, исто како и Алиса која во еден момент е малечка како шолја за чај, а во друг е висока колку куќа.

Симптоми: Луѓето што боледуваат од Тодов синдром обично се млади луѓе во дваесеттите години, кои имаат тумор на мозокот, силни мигрени или се во почетна фаза на Епштејн-Бар вирусот. Големината и бојата на предметите и луѓето од своето опкружување тие ги гледаат искривено, помали или поголеми одошто навистина се, а така го гледаат и сопственото тело. Страдаат и од дезориентација. Оваа состојба е многу ретка, и за среќа, привремена.

2. Синдром на измислени болести

Повеќето луѓе не сакаат да боледуваат, да одат на доктор или да лежат во болница и дома. Но тоа не важи за луѓето кои страдаат од измислени болести. Тие постојано се опседнати со некоја болест и постојано ја играат улогата на болен човек. Оваа состојба е предизвикана од некоја претходна траума, занемарување или злоупотребување во детството, или некоја тешка болест. Некои истражувања укажуваат дека околу 1 отсто од светската популација страдаат од ова ментално нарушување, за кое за сега нема лек, но може да се држи под контрола со редовна психотерапија.

Симптоми: Луѓето со ова нарушување настојуваат самите себеси да се направат болни. Постојаните и упорни посети на доктор и барањето терапија или болничко лечење се очигледен симптом на оваа болест. Пациентите често измислуваат приказни што вклучуваат симптоми кои никогаш не исчезнуваат и поради кои имаат потреба да одат од доктор на доктор, иако анализите го покажуваат спротивното. Медицински се многу добро потковани и се изразуваат стручно, како доктори.

3. Синдром на вонземјанска рака

Ова ретко ментално нарушување е познато и под името Синдром на доктор Стрејнџлав. Се одликува со целосно губење на контролата врз една рака или нога. Нема лек, а заболените често мораат со здравата рака да ја контролираат другата, неконтролираната. До ова нарушување може да дојде по операција на раздвојување на мозокот, аневризам, тумор на мозокот или мозочен удар.

Симптоми: Неспособност да се контролираат екстремитетите, кои сами се движат. Забележани се и случаи кога пациентот почнува самиот себе да се дави со својата „вонземјанска рака“, самиот си ја кине облеката, си го гребе сопственото лице…

4. Дисоцијативно нарушување на идентитетот

Често го викаат и повеќекратно нарушување на личноста, и како што и самото име укажува, станува збор за ментална болест која кај луѓето предизвикува прикажување на повеќе од една личност, обично помеѓу два и три различни идентитети. Ова е едно од најпознатите ментални нарушувања, бидејќи повеќе пати е опишано во филмовите и телевизиските емисии. Од дисоцијативно нарушување на идентитетот страдаат помеѓу 0,01 и 1 отсто од светската популација, а заболените често завршуваат во ментални институции.

Симптоми: Имаат повеќе од еден идентитет, различни имиња, личности, полови. Идентитетите се менуваат наизменично, без предупредување, на еден час, месец, година… Имаат чести епизоди на амнезија и не сфаќаат што се случува, па исклучително тешко се снаоѓаат во животот, на училиште, во друштво…

5. Стендалов синдром

Станува збор за привремена состојба која се јавува откако човекот е изложен на многубројни уметнички глетки, прекрасни локации, прекрасна архитектура и други места што се одликуваат со неверојатна убавина. Синдромот го носи името на француски автор кој прв го опишал ова стресно искуство по своето патување во Фиренца во 1817 година.

Симптоми: Вртоглавица, несвестица, дезориентација, збунетост, ненадејна голема анксиозност, забрзан пулс, халуцинации.

6. Котаров синдром

Ова веројатно е најстрашната болест на оваа листа. Се нарекува и Синдром на подвижен леш, кој кај заболениот предизвикува заблуда дека е мртовец или дух. Научниците веруваат дека причината за оваа болест е повредата на специфични делови на мозокот. Болеста е исклучително ретка.

Симптоми: Заболените јасно покажуваат дека веруваат дека се мртви, дека се духови, дека веќе се распаднале и дека во нив нема повеќе ниту крв ниту органи. Бидејќи веруваат дека се мртви, заболените престануваат да јадат и пијат.

7. Визуелна агнозија

Станува збор за состојба каде што видот и значењето на ова што се гледа, воопшто не се усогласени. Така заболените престануваат да го поврзуваат вистинското значење со објектите. На пример, веруваат дека столчето е всушност топка и слично. Визуелната агнозија најчесто е последица од оштетување на мозокот предизвикано од деменција, рак, труење…

Симптоми: Пациентот честопати е збунет од она што го гледа и она што мисли дека го гледа. Така, на пример, може да види куче, а да мисли дека е кукла. Заболените имаат проблем да препознаваат места и лица што би требало да им бидат добро познати.

8. Вендиго психоза

Сериозна состојба што прави заболените да веруваат дека ги опседнало чудовиштето Вендиго, кое преживува на човечко месо. Првата нација на Индијанци верувала во чудовиштето Вендиго кое поседува одредени човечки карактеристики, односно во духот што го опседнува човекот и го тера да стане ладнокрвно чудовиште, способно дури и за убиство.

Симптоми: Знаци на депресија и невроза, хронично осамување, агресивно и насилничко однесување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.