Обична жена (70) отишла кај стилист за славни личности: Родената ќерка не можела да ја препознае! (ФОТО, ВИДЕО)

Промена на изгледот

Во рацете на вистинските експерти, ниту една жена не може да изгледа лошо

Беверли Хилсон има 70 години и живее во Северна Каролина. Одлучила да посети стилист за славни личности, Кристофер Хокинс, кого многумина го сметаат за чудотворец, кога е во прашање трансформацијата на изгледот.

„Подготвена сум за ова. Ми треба ова. Имав некои операции, поради што долго време не одев на фризер. Самата ги средував косата и лицето дома. Однатре се чувствувам како да имам триесет години. Немам ништо против тоа да ја потстрижам косата. Би сакала да ја имам бојата што ја имав пред 30 години“, раскажала Беверли за камерите.

Фризерот едвај дочекал да ја трансформира Беверли, а кога завршил, ни родената ќерка не можела да ја препознае. Само среќно повторувала:

„Зар не е прекрасна! Прекрасна си!“

Покрај фризурата, стилистот дискретно ја нашминкал Беверли. И’ ставил соодветен накит и ја облекол во помодерна облека.

Погледнете ја нејзината трансформација во видеото:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.