Сиромашни родители посвоиле момче кое ги направило милионери: Приказна од соништата!

Успеал!

Момчето е благодарно што му давале љубов

Сите сакаат приказни со среќен крај. Иако во филмовите и романи има вакви приказни во изобилство, во реалниот живот се многу ретки. Меѓутоа, понекогаш, ќе чуете приказна што повторно ќе ви даде надеж. Оваа е една од нив.

Кога Џајви Лазаро Бадајл Втори бил дете, бил посвоен од страна на прилично сиромашен пар од Филипините. Немал богато детство, но благодарен е што имал љубов. Тие му дале можност да живее среќно.

Кога пораснал, Лазаро напорно учел и работел, па станал успешен бизнисмен. Поради тоа, одлучил на своите родители да им обезбеди се’ што им е потребно.

На своите старатели им купил куќа од соништата. Својата животна приказна ја споделил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/jayvee.badile/posts/2624255897657451

„Кога Нани и Тати ме посвоија, нивниот живот не беше лесен. Нани е продавачка. Тати е носач. Сега кога имам можност да им се оддолжам, ќе се погрижам да ги живеат своите соништа подобро одошто некогаш можеле да си замислат“, напишал Лазаро.

Во својата објава на социјалните мрежи, Џајви споделил „пред и потоа“ фотографии. Кога парот го посвоил, имале мала, трошна куќичка. Внатре имале мала кујна од која се излегувало на главната улица. Во спалната соба имало само еден душек, еден тоалет, натрупана дневна соба и прилично мал трпезариски простор.

Откако Лазаро собрал пари, им изградил луксузен летниковец со седум спални соби и со сите други погодности кои би можеле да му затребаат на едно семејство.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2602521979830843&set=a.306975916052139&type=3

„Имав три месеца кога ме посвоија и ми дадоа се’. Немавме лесен живот, уште како студент морав да работам напорни физички работи. Бевме среќни ако имавме доволно храна за два оброка дневно, но љубовта никогаш не ни недостигаше. Како врв на сето тоа, живеевме во шупа, голема вкупно 21 квадрат“, открил тој.

Но тоа не е се’. Освен што им изградил куќа од соништата, Лазаро ги носи на одмори ширум светот. Лазаро така сака да им покаже колку им е благодарен за се’. Тоа вклучува и купување луксузни подароци, како чанти и брендирана облека. Сега сите заедно конечно можат да уживаат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.