Кејт Мидлтон едвај го задржала здолништето на себе: Во последен момент одбегнала катастрофа!

Ах, тој ветар!

И војвотките имаат проблеми, но со ветерот

Кејт Мидлтон деновиве има полни раце работа. Се појавува барем на еден настан дневно, а неретко се случува да поминува неколку локации, за да го заврши работниот ден со некоја хуманитарна вечера.

Вчера се појавила пред детската клиника во Лондон облечена во комплет од твид со потпис на „Долче и Габана“.

Војвотката од Кембриџ на себе имала кратко, но широко здолниште над колена. Кога излегла од автомобилот, лондонскиот ветар силно дувнал, а Кејт за малку ќе останела без здолништето.

https://www.instagram.com/p/B74e_P5HobZ/

Меѓутоа, војвотката успеала на време да го зграби здолништето и да се заштити себеси од голем скандал.

https://www.instagram.com/p/B74avnJpVba/

Ова не е првпат Кејт да има проблеми со здолништето. Во текот на првите години откако добила кралски должности, војвотката носела здолништа со слични кроеви кои ветерот често и’ ги подигнувал.

Меѓутоа, по тие скандали таа добила наредба од кралицата да носи здолништа со потесен крој, со примерна должина и од потешки материјали.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.