(ВИДЕО+ФОТО) План на исхрана на докторката Фицџералд кој стареењето ГО ЗАБАВУВА ЗА ТРИ ГОДИНИ!

Д-р Фицџералд е научник по биохемија на Институтот за функционална медицина во Вашингтон.
Таа спровела студија во која учесниците осум недели следеле исхрана со претежно растително потекло, со малку шеќер и сол, која не содржи преработена храна или алкохол.
После тоа, специјалната алатка наречена Horvath DNAm age clock ја мерела биолошката возраст на учесниците и утврдила дека тие биле подмладени за 3,23 години.
Овие се клучните намирници што треба да ги јадеме и да „превртиме“ процесот на стареење.

Зелениот зеленчук го одржува мозокот млад
Јадете две порции по 65гр секој ден.
„Кељот, блитвата и спанаќот се одлични бидејќи содржат многу фолати и други хранливи материи“, вели д-р Фицџералд.
Студијата исто така покажала дека дневната порција зеленило е поврзана со пониски стапки на когнитивен пад во мозокот.

Печурките се важни антиоксиданси
„Печурките од сите видови, вклучувајќи шитаке, пвграњ и буковки, содржат вредни хранливи состојки кога станува збор за спречување на биолошко стареење“, вели д-р Фицџералд.
Друга студија од Медицинскиот колеџ на Државниот универзитет во Пенсилванија во САД покажала дека печурките обично содржат големи количини на антиоксиданти кои можат да помогнат во борбата против знаците на стареење.

Куркумата обезбедува енергија
Куркумин, активната компонента на зачинот куркума, е едно од соединенијата што му помагаат на телото да го врати стареењето, вели д-р Фицџералд.
Задолжително додадете половина лажичка во салата или разни јадења. И’ мешањето на куркума со црн пипер и некои масла може да ја зголеми апсорпцијата за 2.000 проценти, додава лекарот.

Зелен чај за здравјето на клетките
Пијте две чаши зелен чај на ден, кој треба да се вари десет минути, за да се ослободат есенцијалните соединенија, за да се добие друга доза на хранливи материи против стареење.

„Во основа, тие помагаат да се врати стареењето со подобрување на здравјето на клетките“, вели лекарката.

Домат против брчки
„Доматот е богат извор на лутеин, антиоксиданс кој има големо влијание врз нашата биолошка старост“, открива д-р Фицџералд.
Пиперките и грозјето се други добри растителни извори на лутеин. Доматот исто така дава антиоксидантно соединение ликопен, што го прави црвен, а асоцира на спречување на стареење на кожата.

Рузмарин е зачин на младоста
Додадете рузмарин во оброците кога и да можете – на учесниците во студијата им било препорачано да додаваат половина лажичка во оброците дневно.
„Киселината на рузмарин е значајна компонента на рузмаринот. Користете го растението за зачинување риба, пилешко или зеленчук, бидејќи има многу студии кои покажуваат дека дури и мали количини имаат придобивки за балансирање на гените“, рекла лекарката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SCHWESTERBROT (@schwesterbrot)

Лук за добро варење
Друга важна компонента на исхраната против стареење е фитонутриентот алицин, кој се наоѓа во лукот.
Лукот, кромидот и празот се исто така важни пребиотички намирници, помагаат да се создаде средина потребна за здрави црева.

„Здравите црева ќе направат хранливите материи, неопходни за пресврт на биолошкото стареење, да бидат подостапни за телото“, вели д-р Фицџералд.

Јајца за одржување на клетките
„Јајцата се веројатно најдобриот извор на холин, а организмот навистина тешко го прави, па внесувањето преку исхраната е од суштинско значење за одржување на добро функционирање на клетките и ДНК“, вели лекарката, која советува да се јадат од пет до десет пати неделно.
Таа додава дека холинот го поддржува одржувањето на клетките и се користи за производство на здрави клеточни мембрани.

Бобинки за одржување на метаболизмот
Секој ден се препорачува по грст јагоди, малини или капини.
Тие се богат извор на антоцијанин, антиоксиданс кој им дава црвена и виолетова боја и докажано помага во спречување на метаболичко оштетување поврзано со стареење.

„Брокулата, карфиолот и прокељот содржат сулфорафан, соединение богато со сулфур со моќни здравствени придобивки“, вели лекарката.
Тие исто така содржат соединенија наречени глукозинолати кои можат да го намалат воспалението и да спречат некои форми на рак. Ротквиците и репката спаѓаат и во оваа категорија на здрава храна.

Јатките значат здравје
Повеќето јатки и семиња се корисни, но три се особено добри.
„Семките од тиква, семе од сусам и семки од сончоглед се богати со важни хранливи состојки кои влијаат на здравјето, вклучително и омега-3 масти, витамини од групата Б и антиоксиданси“, вели д-р Фицџералд.

Таа препорачува јадење четири лажици семки на ден.

Цвекло за здрави крвни садови
Цвеклото содржи минерали важни за здравјето, како што се калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и манган.
Исто така, тој е богат извор на неоргански нитрати, кои во организмот се претвораат во азотен оксид, што докажано го регулира здравјето на нашите крвни садови и мозок.
Д-р Фицџералд препорачува три порции од 75 г неделно.
„Цвеклото е богато со метионин, аминокиселина неопходна за здраво биолошко стареење. Но, богато е и со витамин Б12, фолати и холин, па затоа е апсолутно фантастичен додаток ако јадете месо“, заклучува таа.

Фото: Youtube/Aging/instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.