ГОВОР НА ТЕЛОТО – Со овие седум знаци, секогаш ќе знаете дека вашиот партнер ве лаже

Лагата може да создаде асиметричен израз на лицето

Експертот за говорот и однесувањето на телото, Џуди Џејмс, открила за Fabulous како жените секогаш можат да препознаат дека партнерот ги лаже и истакнала дека постојат седум главни знаци кои го покажуваат ова.
„Лажговците имаат помалку каење од чесните луѓе, така што сигналите за нивниот говор на тело може да бидат помалку очигледни. Исто така, лицето кое ја кажува вистината под притисок лесно може да изгледа погрешно и да изгледа неубедливо, па затоа постои опасност да се донесе погрешен заклучок“, рекол експертот.

Пауза
Потребно е многу повеќе време да се дојде до лага отколку да се каже вистината, па лажговците често прават долга пауза пред да ја започнат приказната. Тие ќе се обидат да ги прикријат своите вистински чувства и да се однесуваат поинаку отколку што всушност требало, и такво нешто бара темелна подготовка. Кревање веѓи, повторување реченици, пелтечење – сето ова ќе ви укаже дека вашиот партнер не е искрен со вас.

Избегнување контакт со очите
Лажговците најтешко ги контролираат рацете, нозете и очите и скоро сите се свесни за тоа, а доказ за тоа е и фактот што играчите на покер често носат очила за време на играта, така што другите натпреварувачи нема да можат да ги откријат нивните тактики. Од истата причина, луѓето се обидуваат да не ја гледаат другата личност директно во очи и да го одбегнуваат погледот, но токму овој потег може да ја открие нивната неискреност.

Премногу движење на рацете
Ако вашиот партнер изгледа дека гестикулира повеќе од вообичаено или зборува премногу брзо, големи се шансите дека ве лаже. Мавтањето со рацете често има за цел да го одвлече вниманието од лицето, а понекогаш и мажот повеќе пати ќе ги покажува дланките и ќе ги шири рацете за време на гестикулацијата, како да сака да ве убеди дека нема што да крие.

Покерашки израз на лицето
Изразот на лицето познат како „покерашко лице“ се однесува на неутрален израз, со кој соговорникот всушност се обидува да го скрие она што навистина го чувствува. Ако вашиот партнер изгледа премногу крут или неприроден, постои голема можност да лаже за нешто.

 

Искривена насмевка
Кога сме искрени, нашите изрази на лицето имаат тенденција да бидат симетрични, но лагата може да создаде асиметричен израз кога усните се обидуваат да се насмевнат, што доведува до искривена насмевка.

Вербални и невербални сигнали
Дали зборовите ви раскажуваат една приказна, а говорот на телото сигнализира нешто друго? Кога зборовите и невербалните сигнали не се совпаѓаат, секогаш запомнете: полесно е да лажете со зборови отколку со гестови.

Мали ритуали
Добро е познато дека секој од нас има своја „слаба точка“, односно ритуал што несвесно го правиме додека лажеме. Некој ќе седи со прекрстени нозе додека лаже, некој ќе ги прекрсти рацете преку градите, а некој ќе се чешка зад ушите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.