Откриена е КОВИД ДИЕТА: Првата студија ја пронашла храната што штити од коронавирусот

Ова значи дека треба да форсирате храна како лосос, каши и тавче гравче, додека треба да избегнувате бел леб, преработено месо и сладолед.

 

Поврзаноста помеѓу ковидот и исхраната
Не е изненадувачки што истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон откриле дека здравата храна е поврзана со помал ризик од ковид.
Тие рекле дека квалитетната исхрана го подобрува здравјето на цревата, што пак може да го зајакне имунитетот и потенцијално да ве заштити од ковид.

Студијата покажала дека луѓето со најквалитетна исхрана имаат околу 10 проценти помали шанси да развијат ковид отколку оние со најнизок квалитет на исхрана.
Исто така, имало 40. проценти помала веројатност да се разболат сериозно.

 

Студијата се заснова на податоци од скоро 600.000 Британци и Американци кои ја користеле апликацијата ZOE Covid Simptom Stydu.
Соработниците го попoлниле истражувањето за храната што ја јаделе во февруари 2020 година, непосредно пред да се прогласи пандемијата на ковид.
Од 600.000 корисници на апликации, скоро 32.000 на крајот добиле ковид.
Нивната исхрана се користела како начин да се измери ризикот од ковид.

Студии за кафе и пиво
Во меѓувреме, друго истражување објавено во јуни покажало дека шолја кафе на ден може да заштити од вирусот.
Исто така, се смета дека антиоксидантните и антиинфламаторните соединенија во пивото посредуваат во ризикот од развој на симптоми, велат истражувачите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.