Тврдење на доктор: Ракавиците немаат функција да ве заштитат од заразени работи, туку од ова!

Неверојатно!

Додека Кинезите носат маски од почит кон другите, ние ги носиме за да се заштитиме самите

Хрватски доктор кој работи на микробиолошка дијагностика на Униврзитетската болница во Бон, Германија зборувал за борбата против коронавирусот…

„Во многу случаи гледаме ракавици на рацете на полицајците, царниците, продавачите, па дури и на рацете на некои граѓани. За жал, повеќето се опремиле со погрешен вид ракавици. Целта на ракавиците на рацете на полицајците кои проверуваат лични документи не е за да се заштитат од ’нечисти’ сообраќајни дозволи, туку за да им се промени перцепцијата за чистотата на сопствените раце. Носењето ракавици, воглавно, ги спречува луѓето да се допираат по лицето, носот или околу устата, бидејќи додека носат ракавици, ги доживуваат како нешто туѓо, односно потенцијално валкано. Истата функција можат да ја извршат и обичните памучни или немедицински најлонски ракавици.“

А што се однесува до маските?

„Многу политичари и јавни лица деновиве се појавија пред камерите носејќи медицински заштитни маски. Некои од нив имаа и ФФФП3 заштитни маски, што е апсолутен апсурд во целата ситуација. ФФФП3 заштитните маски немаат што да прават на лицата на јавните лица ниту на сите оние што се покажуваат пред камерите. Таа маска е наменета само за ситуации кога сте во директен контакт со потенцијално заразени лица.

Сите што поседуваат ФФФП3 маски, би требало да ги проследат на лица и установи, на оние кои се во директен контакт со потенцијално заразени лица, бидејќи ним им се потребни, значи на медицинскиот сектор кој редовно е изложен на вируси и ризикува заразен пациент директно да му се искашла во лице, на пример во ситуација кога му зема брис или му вади крв, кога е невозможно да се одржува пропишаното растојание од два метра. На луѓето кои се шетаат на отворено и се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање, тој вид заштита им е апсолутно непотребен.

Голема е култоролошката разлика меѓу нас и Кинезите. Додека Кинезите носат маски од почит кон другите, ние ги носиме најмногу за да се заштитиме себеси“, раскажал докторот.

Руски научници развиваат лек за коронавирус заснован на крвта од закрепнатите пациенти

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.