Колку време е потребно за да се преболи раскинување на врската?

Фото: Илустрација

Закрепнувањето од нарушена врска е особено тешко кога сте затворени помеѓу четири ѕида.

Добрата вест е дека, како што вели поговорката, времето ги лекува сите рани, иако резултатите од новите истражувања на оваа тема можеби нема да ве утешат.

Студијата објавена во стручното списание „Journal of Positive Psychology“, во кое учествувале 155 млади возрасни лица, откриле дека закрепнувањето од раскинување на врска во просек трае три месеци, односно 11 недели.

Дури 71% од анкетираните изјавиле дека по толку време, тие можеле да ги идентификуваат позитивните страни на прекинот на врската и да продолжат понатаму со нивните животи.

Сепак, важно е да запомните дека се зборува за просек и можно е да ви треба помалку или повеќе време.

Прочитајте и: Среќна љубов: 10 знаци дека сте во идеална врска

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.