Руски научници развиваат лек за коронавирус заснован на крвта од закрепнатите пациенти

За неполни 15 дена ќе биде пуштен

Научниците од рускиот Институт за хемиска биологија и фундаментална медицина, подготвени се да развијат лек за коронавирусот кој што е заснован на крвта од оние кои што закрепнале од инфекцијата, соопштила прес-службата на Институтот.

Наведено било дека експерименталниот лек ќе биде збогатен со фракција на антивирусни имуноглобини во крвта, извадени од плазмата на пациентите кои што закрепнале од коронавирусот, пренесуваат од „TASS“.

Се очекува дека работата на развојот на лекот ќе трае 30 дена и дека истиот ќе се прима интравенски.

До денес, ширум светот од коронавирусот се заразени над 850.000 луѓе, а пријавени се над 42.000 смртни случаи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.