Токсични фрази кои бабите и дедовците треба да престанат да им ги кажуваат на своите внуци

Каде е авторитетот на родителите?

Кој е во право?

За време на празниците, обично се собираат сите членови на семејството од различни генерации, поминувајќи заедничко време.

Експертите предупредуваат дека добронамерните, но непромислени коментари од бабите и дедовците можат да создадат средина во која внуците се чувствуваат непријатно или небезбедно. Затоа е важно да научите да комуницирате со децата на правилен начин, а особено да се избегнуваат фрази кои се особено штетни за детскиот развој и сфаќања.

1. Не кажувајте им на мама и тато
Бабите и дедовците често ја користат оваа фраза кога на своите внуци им го зголемуваат џепарлакот. Колку и да изгледа ова безопасно, тоа воопшто не е. Тоа е едноставно поткопување на родителскиот авторитет, а детето ќе усвои модел на однесување дека е сосема во ред да се скрие нешто од нив.

2. Многу си пораснал! Дали малку си се здебелил?
Коментарите за изгледот и тежината на детето се секогаш погрешни, сметаат експертите и за нив велат едно големо не! Тие дефинитивно можат да придонесат за градење на искривена слика за сопствениот изглед.

3. Ти јадеше повеќе од мене.
Навистина нема потреба да коментирате за чинијата на вашето внуче или неговите навики во исхраната; секогаш е најдобро да се фокусирате само на вашата чинија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.