Рецепт кој го освои Инстаграм: Лажен помфрит од палента и зачински билки, идеален за празничните денови (рецепт)

Здраво и вкусно, прсти да излижеш...

И децата и возрасните го обожаваат овој деликатес..

Иако палентата најчесто се подготвува како кремаст прилог, овој пат решивме да ја подготвиме на поинаков начин. Изгледа како омилените пржени компирчиња, но сепак во здрава и вкусна форма на закуска.

Потребни состојки за две порции:

ПОМФРИТ:
160 г. палента (пченкарен гриз)
470 ml вода
1 чешне лук
2 лажици свежа мајчина душица, сечкана
1 лажица свеж рузмарин, сечкан
45 г. рендан пармезан
сол, по вкус
3 лажици маслиново масло

ПРЕЛИВ:
1 чешне лук
3 лажици путер, стопен
2 лажици свеж босилек, сецкан
1 лажица свежо оригано, исечкано

ПОДГОТОВКА:

Сварете ја палентата
Ставете вода во поголем сад и почекајте да зоврие. Со мешање во водата додадете ги пченкарно брашно, сецкан лук, мајчина душица, рузмарин, рендан пармезан и зачинете.

Мешајте додека палентата не стане мека и густа, околу 5 минути. Се трга од оган, се покрива и се остава 5 минути.

Замрзнете
Со хартија за печење обложете тепсија со димензии 20х20 см и врз ннеа истурете ја сварената палента. Рамномерно распоредете во еден слој. Ставете во замрзнувач 20 минути.

Печете
Загрејте ја рерната на 220 степени. Внимателно извадете ја палентата и на даска за сечење исечете тенки ленти слични на помфрит.

Наредете ја исечената палента на хартија за печење и прелијте ја со маслиново масло и зачинете со сол по вкус.

Печете 15 минути, извадете ги од рерна, внимателно превртете ги стапчињата и печете уште 15 до 20 минути или додека не станат крцкави.

Подгответе го преливот
Измешајте ги состојките за преливот и прелијте врз печената палента. Послужете со сос по желба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.