Социјален епидемиолог: Дали смееме да одиме на прошетка и џогирање за време на борбата со коронавирус?

Експертите советуваат

Фото: Getty Images

Пролетта ќе биде убава, но треба да го сочуваме и здравиот разум

Борбата со коронавирус се води како во светот, така и кај нас. Се соочуваме со еден од најтешките предизвици, а во нашата земја прогласена е и вонредна состојба за да се спречи ширењето на вирусот.

Во овие тешки околности се поставува прашањето: дали смееме да шетаме и трчаме во природа?

Физичката активност на отворено е пожелна, бидејќи помага за зачувување на менталното здравје кое е исто толку важно како и физичкото, особено во оваа вонредна состојба.

Прошетката или трчањето во парк ни помагаат да ги разбистриме мислите, што е многу важно во овие тешки околности со кои се соочуваме.

Но многу е важно и да се придржуваме до упатствата на лекарите и надлежните органи, односно да ги одбегнуваме местата каде што има повеќе луѓе и да држиме растојание од два метра.

Керолин Канускио, социјален епидемиолог од Центарот за иницијативи во јавното здравство при Универзитетот во Пенсилванија вели:

И покрај поострите мерки, се’ додека одржувате прописна оддалеченост на отворен простор, движењето е дозволено. Луѓето што сакаат да излезат од дома, би требало да се потрудат да го задржат својот личен простор.“

Епидемиологот исто така додава:

Мора да се обидеме да одбегнеме контакт лице во лице со други луѓе, така што при сите одлуки што ги носиме, мораме да го имаме тоа предвид. Предлагам прошетка по улици што се помалку прометни, на места каде што има помалку луѓе и каде што постои можност за меѓусебно оддалечување.“

Исто така, таа вели дека треба да се одбегнува застанување и разговарање со сите соседи.

Таа советува при секоја прошетка да ја испитате ситуацијата преку прозорец за да се уверите дека нема многу луѓе на улица.

Ако надвор има многу луѓе, стрпете се со прошетката и излезете подоцна. Луѓето што мораат да одат во аптека или по храна и забележат гужва во тие продавници, може да се вратат дома, па подоцна да одат повторно“, советува Канускио.

Обидот да го зачувате вашиот личен простор може ќе ви изгледа смешно, па прошетката на улица ќе почне да ве потсетува на видеоигра. Но тоа се работи на кои едноставно мора да се навикнеме за да го победиме коронавирусот.

Ако не му се приближите некому помалку од два метра, речиси воопшто не ризикувате. Мислам дека луѓето би требало да излегуваат на сонце. Изведувањето на кучето на прошетка или одењето до парк се безбедни и неопходни се’ додека се држите на социјална дистанца“, вели Кристал Вотсон, научник од Центарот за здравствена сигурност „Џонс Хопкинс“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.