Крај на една ера: Згасна печатеното издание на култното списание за мажи „Плејбој“

Поради кризата предизвикана од коронавирусот

Денеска беше објавено дека „Плејбој“ престанува да се издава во печатена форма по 67 години непрекинато излегување. Сотоа, магазинот е една жртвите на коронавирусот и на постмодерниот свет.

И имаше неспорно влијание на животот и културата во САД во текот на сите овие децении.

На насловните страници се појавија редица славни личности, како и Мерлин Монро, а појавувањето на насловната страница се сметаше за големо достигнување во кариерата и на одредени личности им помагаше да се стекнат со големи договори за филмови, серии и книги…

 

Поради светскиот хаос предизвикан од пандемијата, „Плејбој“ имал големи деловни тешкотии и реши да го затвори своето печатено издание.

Отсега, најпознатото машко списание ќе постои само во онлајн верзија. Култниот магазин исчезнува од киосците по 67 години од неговото објавување.

Култното списание е основано од Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.