„Морав да абортирам, носев ѓавол во стомакот“: Исповед на девојка која била силувана од страна на 83-годишниот милионер

Сосила ѝ направил дете

Плејбој зајачица открила морничави детали за односот со Хју Хефнер

Поранешна плејбој-зајачица открила длабоко емотивни и трауматични детали од својата врска со Хју Хефнер, основачот на магазинот „Плејбој“. Во времето кога имала само 19 години, а тој дури 83, таа дознала дека останала бремена од него. Оваа врска била многу проблематична, не само поради големата разлика во годините, туку и поради многуте мрачни аспекти што подоцна испливале на површина.

Кариса и Кристина, близначки познати како плејбој-близначки, биле последните девојки кои биле во врска со Хју Хефнер. Тринаесет години по крајот на нивната 18-месечна врска, тие откриле морничави детали за нивната врска со човекот кој важеше за симбол за луксуз и слобода.

Кариса Шенон открила дека абортирала во тајност. Таа сосема случајно открила дека е бремена, кога направила анализа на крвта за да ги зголеми градите во 2009 година, што го платил Хефнер.

„Немав односи со никој друг и тоа можеше да биде само негово бебе. Сакав да го решам тоа што е можно порано“, открила таа.

Кариса ги опишала чувствата што ги имала тој период. Чувствувала одбојност кон своето тело, чувствувала како да има страно тело во неа, како да бил присутен ѓаволот. Нејзиното чувство на изолираност и стравот од откривањето на вистината, дополнително ја комплицирало ситуацијата.

„Не сакав да го дознае тоа и никогаш не дозна. Ми се гадеше од моето тело и чувствував како да има вонземјанин во мојот стомак, како ѓаволот да беше во мене. Не сакав никој да знае дека носам дете од 83-годишен маж“, рекла Шенон.

Нејзината сестра Кристина играла клучна улога за време на овој тежок период, помагајќи ѝ да најде клиника за абортус и да го организира целиот процес. Оваа тајна акција се одвивала комплетно скриено од очите на Хефнер и неговите работници.

„Најдов клиника во Лос Анџелес. Го натерав обезбедувањето на Хеф да нè остави во трговски центар, се преправавме дека одиме на шопинг, а потоа му се јавив на еден пријател да нè земе. Успеавме тоа да го задржиме во тајност“, рекла Кариса.

Близначките, исто така, откриле мачни детали за своите искуства додека биле во врска со Хефнер. Биле принудени да учествуваат во незаштитен групен секс, со многу алкохол. Хефнер оставил трајни емотивни лузни на нив, предизвикувајќи им бројни ментални проблеми што морале да ги решаваат со терапија.

Покрај тоа, сестрите откриле дека биле принудени да го викаат Хефнер „татичко“ и дека сакал да ги контролира. Опишале дека користел дрога и дека се однесувал недолично пред нив, ги принудувал да користат психоактивни супстанци за да им предизвика чувство на зависност и изгубеност.

Оваа приказна предизвикала многу реакции во јавност, осудувајќи ги постапките на Хефнер. Близначките планираат да го тужат „Плејбој“ поради проживеаната траума и емоционалното страдање. Освен тоа, истакнале дека им олеснало кога дознале за смртта на Хефнер, затоа што тоа значело дека други жени нема да мораат да поминуваат низ истата болна ситуација.

„Штотуку имавме наполнето 18 години и бевме наивни. Се сеќавам дека беше многу шармантен и љубезен. Носеше свилени пижами и влечки со својата црвена наметка. Беше како крал во дворец – толку беше моќен. Ќе ми кажеше: ‘Еј, сакаш да дојдеш да седнеш покрај мене?’ Можевме да видиме како другите девојки веднаш стануваа љубоморни“, се присетила Кариса.

„Бевме вработени во Плејбој вилата и сакаме да ги тужиме. Одлучивме да прозбориме, бидејќи сакаме луѓето да знаат кој е тој навистина и што се случуваше зад затворени врати“, заклучила Кристина.

Овие храбри жени одлучиле да проговорат за своите искуства за да ја откријат вистината за Хефнер и да ја прикажат темната страна на гламурот и раскошот што ја опкружувале Плејбој културата. Нивната приказна ја подигнува свеста за злоупотребувањето и траумите што често се кријат зад фасадите на јавните личности.

Плејбој-зајачицата за првиот секс со Хју Хефнер: „Беше ужасно и трауматично, морав да извлечам нешто од тоа!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.