Го преболе разводот за рекордно време: Имаше имиџ на „распуштеница“, но сега се сменија работите

Како Тина Кунаки се однесува по разводот

Многумина ги интересира како Тина Кунаки се однесува по разводот, а таа го покажа вистинското лице

Поминаа 4 месеца откако една од најкоментираните двојки стави точка на љубовниот однос. Имено, кога Венсан Касел ги избриша сите слики со 30 години помладата Тина Кунаки, сите сфатија дека на нивната љубов ѝ дошол крајот. Имаше и такви што веруваа дека ќе се смират, но изгледа ништо од тоа.

По крајот на љубовта, Венсан често се појавуваше во јавност, видно насмеан и расположен, додека Кунаки беше поинаку расположена. Во јавност излегуваше запустена и тажна, а многумина коментираа дека очигледно е дека разводот тешко ѝ паднал.

Меѓутоа, таа состојба не траеше долго, па Тина неодамна била фотографирана со новиот дечко, во фустан кој откривал повеќе одошто треба. Покрај облините што се оцртувале, Тина ја красела и широка насмевка, а многумина забележале дека никогаш не била посреќна.

 

Интересно е што по Венсан Касел, секоја жена расцутува, а тој никако не може да се среди. Имено, Моника Белучи 10 години по разводот со него пронајде љубов со Тим Бартон, покрај кого се прероди.

Се чини дека Тина тргнала по стапките на Моника. Конечно се посветила на себе и си ја вратила насмевката на лицето.

Инаку, пред драмата околу разводот, двојката беше неразделна, а се зборуваше дека Касел станувал сè пољубоморен. Се шушкаше дека на Касел сè помалку му се допаѓало слободното однесување на Тина. Редовно се бакнувала и прегрнувала со пријателите, излегувала и изгледала, всушност, како и сите други девојки на нејзина возраст, додека, наводно, актерот бил тој кој ја чувал нивната ќерка, што не му се допаѓало.

Откако ја оставил повозрасниот сопруг, си го покажала своето вистинско лице: Еве како убавата манекенка го надминува разводот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.