По критиките од јавноста, Бритни Спирс испрати трогателна порака: „Ова е малтретирање!“
Виновни се црвената заднина и белиот костим за капење
Поп-пејачката Бритни Спирс им стана цел на злобните јазици кои жестоко ги искритикуваа нејзините фотографии објавени на Инстаграм.
Имено, на фотографиите, пејачката позира на црвена заднина во бел костим за капење, и за нив напиша дека се реални и без филтри, но сепак не им се допаднаа на голем дел од нејзините следбеници, кои ја нападнаа дека е здодевна.
View this post on Instagram
None of these photos are retouched or edited …. they are raw and real !!!!! 🌸🌸🌸💋💋💋
На константната критика од фановите, пејачката одговори:
Никој не те гледа построго од оние кои не можат да те поднесат”, пишува на фотографијата која ја објавила.
Во описот на фотографијата, Бритни дообјасни:
Прочитав многу работи на интернет и како луѓето ги критикуваат моите фотографии, велејќи дека објавувам 15 фотографии со истата црвена заднина и носам ист бел костим за капење. Јас сум многу возбудена поради своите објави и сакам да ги споделувам со сите! Читајќи ги лошите коментари, чувствата ми се многу поведени. Такво нешто не можете да му кажете на некој што не го познавате. Ова се вика малтретирање”, напиша таа.
Фото: Instagram