Познат руски доктор открива: Еве кое е нормалното ниво на крвен притисок според вашата возраст!

Границата се менува со годините

Нивото на крвен притисок се менува со годините. Параметрите нема да бидат исти за некој што има 30 години и за оној што има 60 години

Кога крвниот притисок е во границите на нормалата, упатува на тоа дека состојбата на организмот е добра и дека срцето нормално функционира.

Нивото на крвниот притисок зависи од силата и брзината на срцевите контракции и количината на крвта што овој орган може да ја испумпа во 1 минута. Исто така, важни се и својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.

Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да внимавате на него.

Мислењето дека една иста вредност е правилна за сите луѓе е заблуда. Познатиот руски доктор Александар Шишонин, објаснува како параметрите, како што се полот и староста, одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:
  • За лице старо 20 години, нормалните вредности се 123/76
  • До 30-тата година, нормално е нивото да биде 126/79
  • Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 129/81
  • Помеѓу 40 и 50 години, нормалното ниво е 135/83
  • Помеѓу 50 и 60 години, 142/85
  • По 70-тата година, 142/80
Табела за жени:
  • За лице старо 20 години, нормалните вредности се 116/72
  • До 30-тата година, нормално е нивото да биде 120/75
  • Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 127/80
  • Помеѓу 40 и 50 години, нивото треба да биде 137/84
  • Помеѓу 50 и 60 години, 144/85
  • По 70-тата година, 159/85

Од табелите може да се заклучи дека колку што е лицето повозрасно, толку повисок е и нормалниот крвен притисок. Тоа е последица на промената во крвните садови, срцевиот мускул и другите органи, кои се менуваат со текот на годините.

Високиот, како и нискиот крвен притисок, можат да предизвикаат разни здравствени проблеми. За да го утврдите точно неговото ниво, треба да го следите неколку дена во континуитет и да водите дневник на своите мерења.

Воведете ја оваа здрава навика за намалување на крвниот притисок и холестерол
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.