Може ли една војвотка да носи штепуван елек? Да, ако е Кејт Мидлтон! (ФОТО)
Лежерно есенско издание
За последното појавување со принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон избра комбинација на облека која е особено во тренд оваа есен.
Имено, последниве недели, славната двојка ја фокусираше својата кралска агенда на заштитата на животната средина и грижата за климатските промени.
Кејт и Вилијам го посетија спортскиот центар Александра Парк во Глазгов (Шкотска) за да се сретнат со извидниците и да разговараат за кампањата #PromiseToThePlanet.
Мидлтон избра црна ролка во комбинација со црни фармерки, кафени чизми и штепуван војничко-зелен елек, кој е апсолутен тренд оваа есен.
Кејт додаде детаљ во форма на традиционалната извидничка марама, која лежерно ја врза околу вратот, додека косата ѝ беше обликувана во препознатливите бранови.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм @royalfamily_fanpage__, Getty Images