Кејт Мидлтон блесна во еднобојно издание, а принцот Вилијам не можеше да го тргне погледот од неа (ФОТО)
Дали ви се допаѓа изгледот на принцезата?
Костумот чини околу 165.000 денари, а и другите детали се огнено скапи.
Кејт Мидлтон ја почна новата иницијатива Shaping Us во Лондон во зградата на познатата организација БАФТА. Таа се претстави во беспрекорно монохроматско издание и потврди дека костумите се нејзиното омилено парче облека оваа сезона.
Принцезата од Велс избра костум на Александар Меквин – сакото чини 1.790 фунти, а панталоните 690 фунти. Вкупно, и во наша валута, доаѓаме до бројка од околу 165.000 денари.
Принцезата се одлучи за чанта Miu Miu која чини 895 долари и салонки од Жанвито Роси, кои чинат 630 долари. За разлика од костумот, Кејт овие парчиња ги носеше во јавност и претходно.
Истото важи и за обетките Chalk jewerly од 70 фунти.
Поддршката за раниот развој на децата, во првите години од животот, Кејт ја нарече животно дело. Во својот говор, таа напомена дека социјалните и емоционалните потреби на децата се исто толку важни како и физичките и когнитивните потреби.

Коментарите се заклучени.