Меган Маркл фотографирана на пазар: Војвотката носи очила од 950 евра, за синџирот за кучето платила 115 евра, а еве што КУПИ

Меган Маркл неодамна беше фотографирана како оди на пазарот во Монтесито, недалеку од домот во Калифорнија каде што живее со сопругот Хари и децата Лилибет и Арчи. Вниманието го привлече и со модно издание, а еве што облече тој ден.

Имено, војвотката избра многу лежерно издание, која доликува на пригодата – носеше бела кошула, светло ленено здолниште, апостолки и огромна плетена чанта, која наликува на познатиот зембил.

Се одлучи и за „авијатичарки“ од брендот Linda Farrow, чија цена е 1.059 долари или 943 евра (малку кежуал, малку гламур). Беше забележана и како носи поводник за кучето Кујана,кој чини 128 долари или 114 евра.

Каде и да оди, таа е во центарот на вниманието, а стајлингот ѝ е лежерен, но внимателно осмислен.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе