Парче облека што секоја дама мора да го има ова лето: Лесно се комбинира, а стајлингот го прави повпечатлив!

Задолжително летно парче

Доколку сте дел од дамите што следат трендови, тогаш сигурно веќе поседувате едно вакво парче

Дали оваа сезона пролет/лето 2023 беше обележана со свртувањето кон традиционалната машка облека? Холивуд мисли дека е така! Доказ за тоа се многубројните познати личности што со задоволство го прифатија трендот на предимензионирани машки костими и елеци. Па така, тие парчиња моментално се задолжителни во светот на модата.

Најзгодната мајка во Холивуд, освен што ги краде сите погледи каде и да се појави поради својата харизма, умее и фантастично да се облече, па не престанува да се зборува за нејзиниот моден вкус.

Освен со костими или деловни панталони, ваквите елеци можете да ги комбинирате и многу полежерно, а еден од предлозите се различните видови џинс.

Оваа сезона еден од подоминантните материјали е ленот. Со оглед на тоа што е природен материјал, многу е пријатен за жешките летни денови. Ленениот елек можеби би бил идеалното решение во летните месеци.

Се надеваме дека барем малку ви ја разбудивме фантазијата за некои од вашите идни модни комбинации!

Кошулата-фустан што ќе ви ги реши сите модни дилеми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.