Престојот дома никогаш не бил поинтересен! Запознајте се со MODU меките коцки за активна игра

Како да се направи добар избор на играчка?

Со МODU меките коцки, изработени од еколошки материјал, детската игра може да стане уште покреативна и интересна

Пред нас се зимските ладни денови, но за среќа постојат многу креативни игри во кои децата уживаат дури и кога најголем дел од времето го поминуваат дома.

Со МODU меките коцки, изработени од еколошки материјал, детската игра може да стане уште покреативна и интересна.

Психолозите со години ја истражуваат важноста на детската игра, а ова се некои од карактеристиките на играта со кои се поттикнува здрав раст и развој на децата:

  • ја истражуваат својата околина
  • го откриваат својот идентитет
  • развиваат позитивни емоции
  • развиваат фина и груба моторика
  • ја развиваат координацијата на своето тело

Преку играта детето доживува разни емоции кои се насочени и кон другите учесници на играта, па на тој начин детето учи за емпатија, тимска работа, самоконтрола и солидарност.

Родителите играат многу важна улога во детската игра. Еве неколку совети кои би можеле да им бидат од корист на родителите:

  • покажете интерес за детската игра и покажете одобрување преку отворен говор на телото и ентузијазам
  • поттикнувајте го развојот на нивната фантазија и креативност
  • реагирајте на нивните барања преку играта
  • не заборавајте и Вие да се вклучите во играта на крајот, возрасните се само големи деца.
Како да се направи добар избор на играчка?
  • детето покажува интерес за играчката
  • играчката нема остри рабови, оштетувања, ситни делчиња, штетни бои
  • го поттикнува детето на активност
  • ја поттикнува нивната фантазија и креативност

Како MODU помага во развојот на вашето дете?

MODU го поттикнува развојот на детето благодарение на „активната игра“!

Меките коцки од пена создаваат предизвик на моторичко и креативно ниво, бидејќи можат да се сложуваат според дадените упатства, но децата, секако, можат да создаваат и свои креации како резултат на нивната фантазија.

Количка со тркалца, градење на кула со мама и тато, тркање со воз, туркање, одржување на рамнотежа…сето тоа е можно со MODU. И она најважното: децата често го користат целото тело за да се играат со MODU, а токму тоа е она што сакаме да го постигнеме.

Како алтернатива на времето поминато пред екраните корисно е да им се овозможи на децата повторно да се играат со играчки, а со MODU тоа е возможно!

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.